16:38 - 8 април, 2026

Азис: Мајка ми ја роди сестра ми откако дозна дека сум геј, се срамеше од мене

„Мајка ми, откако дозна дека сум геј, ја роди сестра ми затоа што сфати дека не може да се потпре на хомосексуалец. Потоа почна да се однесува многу лошо со мене, но се надевам дека се помирила со ова. Секоја нејзина постапка покажуваше дека не ме сака во куќата.“ Ова го кажа Васил Бојанов – Азис во интервју за „Час на вистината“, пренесува „Хот Арена“.

Според него, првата осуда на неговата сексуалност дошла од неговите родители.

„Кога имав 11 години и кога доаѓаа гости, таа сакаше да ме скрие од нив. Имаше моменти кога ќе дојдеа гости и таа ќе ме праќаше некаде да спијам или ќе ми велеше да одам да се облечам. Се срамеше од моите движења, од мојот глас“, додава Кралот на попфолкот.

„Но, длабоко во себе, таа се помири со оваа вистина“, вели Азис.

Според него, општеството останува нетолерантно.

„Не можам да си простам за ова, а не можам да им простам на мајка ми и татко ми што се родени тука. Нема ништо пострашно од тоа да се живее меѓу луѓе кои мислат дека гледајќи Геј-парада, вашето дете ќе се разбуди со истата сексуалност, а следниот ден вашиот син ќе се разбуди како еден од нив. Страшно е да се биде глупав, да не можеш да му објасниш на своето дете што се овие луѓе и што прават. Ако му се допадне и навистина стане така, што ќе правиш – ќе го убиеш ли?“, вели тој.

Пејачот рече дека во тинејџерските години во Костинброд бил и жртва на насилство поради неговата нестандардна ориентација.

„Најчесто се дружев со девојки, а таткото на еден од моите пријатели дојде и ме плесна затоа што си играв со неговата ќерка, таа немаше работа со луѓе како мене. Тој дојде и ме плесна пред сите“, објаснува Азис.

Тој смета дека е неправедно што често е обвинет за „пропаѓањето на државата“.

„Ниту пијам, ниту сум пушел нешто. Никогаш не сум навредувал. Не сум лош човек“, рече Бојанов.

Според него, токму неговата различност го става во центарот на скандалите во општество со конзервативни ставови.

„Тоа дете повеќе не постои, Васко го нема, го нема. Го родив Азис и тој е возрасниот Васко. Не мислам дека сум горд бидејќи разговарам со сите. Не се плашам од луѓе, имам самодоверба со дарбата што ја имам. Имам уши на главата и можам да се слушнам себеси како пеам“, коментираше тој понатаму.

Неговата амбиција е да создаде претстава во духот на Мадона и Принс. „Сакам да има драма“, изјави кралот на попфолкот.

Слични објави

Јанг Дади се отвори за тешкиот период: Ме игнорираа

msp-admin

(Фото) Жељко Бебек прослави 24 години брак со својата 34 години помлада сопруга: „Тоа нешто наше“

Еспресо

На Здравко Чолиќ ќе му врачат димпломатски пасош на Босна и Херцеговина

Еспресо

(Фото) Многу си личат: Ова е сестрата на Бојана Скендеровски

msp-admin

Мис Бугарија Венцислава Тафкова ја откри тајната за нејзиното убаво лице

apostolova

По 84 години Уран влегува во Близнаци – започнува седумгодишна ера на револуција и промени

Т.Ц.
Се вчитува....