2.8 C
Скопје
19:50 - 20 декември, 2024

Атрактивни скриени дестинации за лето 2022

Што прво ви доаѓа на ум кога размислувате за тоа каде би сакале да го поминете летниот одмор? Дали се тоа бели песочни плажи и палми, тиркизно сини води или, пак, можеби локации со историски знаменитости? Нашата земја е полна со неверојатни места од кои ќе ви застане здивот. Но, во природата на човекот е да биде љубопитен и да сака да запознае нови средини, култури, природни убавини… Во продолжение ви нудиме идеи за дестинации кои можеби ќе ви бидат интересни да ги посетите ова лето.

Се вели дека најубавите плажи во светот се оние на Сејшелите! Секој од 115 острови кои се дел од овој архипелаг, е опкружен со неверојатен крајбрежен пејзаж со бели песоци, тиркизна вода, палми и бујна вегетација. Оваа дестинација е атрактивна во секој период од годината. Таа е совршен склоп од природна убавина, култура, спектакуларна природа, уникатен подводен свет и специфична кујна. Уживајте ги изгрејсонцата со топла и мека сончева светлина која ги бакнува мирните морски бранови и дозволете им на магичните нијанси на црвена, портокалова и виолетова на зајдисонцата да ви го одземат здивот.  Од необични камчиња, до скриени природни локации на секоја плажа, Сејшелите ќе ве магепсаат со сите свои уникатни карактеристики.

Помеѓу повеќе од 140 градови во Италија, велат дека најинтересни се оние на Сицилија. Сицилија е најголемиот остров во медитеранот кој ќе ве освои со своите природни убавини и културни богатства, но и гостопримливи жители, неповторлива атмосфера, пријатен ритам на животот, извонредна кујна и уште поубави вина. Бескрајната листа на неверојатни плажи, е секако првата причина за посета на овој скриен рај. Но освен ова, мора да се спомене дека Сицилија е полна со историја, преплавена со древни уметнички и архитектонски скапоцености. Вулканот Етна, сместен близу до Катанија, е највисокиот вулкан во Европа и еден од најактивните вулкани во светот.

Сицилија е истакната житопроизведувачка територија. Портокалите, маслинките и виното се само дел од нејзините земјоделски продукти.. И ова се само дел од многуте неверојатни причини зошто Сицилија е можеби вашата следна дестинација.

Азурниот брег  отсекогаш бил и ќе остане гламурозна џет-сет дестинација. Низ француската ривиера, хотелите налик на палати и големите вили се мешаат со модернистичките живеалишта од 1930-тите и шарените градби долж средновековните улици. Не очекувајте суптилност овде, регионот ги фаворизира прекрасните градби во Art Deco и Belle Époque стилот, какви што се катедралата во Монако или розовата вила Ефруси де Ротшилд. И сето тоа надополнето со многу јавни или скриени плажи, со тиркизно сина вода. Затоа, Монако, Ница, Кан и Сен Тропе се места кои вреди да ги посетите оваа лето!

Португалија полека но сигурно почнува да се вбројува во една од најпопуларните дестинации за туристите во светот. Тука го издвојуваме Азорите, острва со вечна пролет што се наоѓаат во средината на Атланскиот Океан, каде вулканската почва поддржува како фонија од миризливи цветови. Природен рај со 9 вулкански острови се дел од атлантскиот архипелаг на Азорите, создадени од од вулканска активност што се случила пред илјадници години. Со пејзажи од вулкански кратери, бујно зеленило и цвеќиња, плажи со потемна боја на песокот, не е ни чудо што Азорите се нарекуваат „Рајската градина“. Дефинитивно оваа дестинација ја издвојуваме како една од најегзотичните во Европа!

Списокот на вашите следни дестинации за патување едноставно не би бил комплетен без Хрватска чие крајбрежје обилува со плажи со бистра сина вода и градови со пребогата историја. Најпозната дестинација секако е Дубровник. Откријте ги бројните барокни цркви и средновековните мермерни улици, обложени со чудни кафулиња и модерни барови и ресторани. Дубровник е одлична дестинација за одмор бидејќи е парче рај на Земјата исполнет со културна историја и неверојатна архитектура и сето тоа во рамките на иконските градски ѕидини. Дубровник, познат како „Бисерот на Јадранот“, некогаш бил богата и моќна држава, а денес претставува жив музеј и можеби вашата следна дестинација.

Секоја од овие локации е на само еден чекор од вас. Се што треба да направите е да посакате, а Халкбанк е тука да ги исполни сите ваши желби. Со потрошувачкиот кредит на Халкбанк имате можност за подигнување на средства до 1 500 000 денари со рок на отплата до 120 месеци и каматна стапка од 4,7 % фиксна каматна стапка за првите 2 години.  Провизијата за обработка на кредитот е 0% доколку аплицирате за кредит до 30.06.2022, па веруваме дека веќе почнувате да го пакувате куферот и да се подготвувате за посета на едно од овие преубави места.

Не чекајте. Посакајте и аплицирајте! Ве чека некоја преубава скриена дестинација!

Сицилија

Комерцијален текст.

 

 

Слични објави

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо

Разоткриен просекот на оценките на Јована Јеремиќ од факултет: Сакам да ги нервирам квазиинтелектуалците

Еспресо

(Фото) Голема прослава во домот на Сања Маринковиќ! Огномет го осветли небото, еве кој е поводот

Еспресо
Се вчитува....