14.8 C
Скопје
18:34 - 8 април, 2026

Александра Младеновиќ призна дека била жртва на насилство: Поранешниот партнер ѝ удрил шлаканица, со денови трпела малтретирање

Српската пејачката Александра Младеновиќ јавно ги обелодени деталите од насилството кое го претрпела во една од претходните врски.

– Бев жртва на насилство, и ми требаше долго време да соберам храброст да зборувам за тоа. Добив таков шамар од мојот партнер, сето тоа затоа што не бевме на иста бранова должина. Поточно, проблемот настана затоа што јас заработив повеќе од него. Сето тоа се случи многу одамна, но после тоа не бев подготвена да бидам во врска долго време. Со денови трпев понижувања, навреди, тој буквално сакаше да ме спушти на своето ниво. Небитно е колку имал тој, колку имав јас… Важно е неговото ограничување – рече тогаш таа и додаде:

– Секогаш ми зборуваше како пејач, а не како партнер. Постојано ме малтретираше затоа што си купувам работи, чанти, а тој не може да си го дозволи тоа, па го боли. Го гледав како многу добар човек, емотивен… Дури помислив и му се заблагодарив на Бога што ми испрати толку добар и нормален човек, но сето тоа кратко траеше. Беше таму во секој момент, но наеднаш се промени. Тој стана друг човек. Мислев дека е моја вина, оставив сѐ да помине така… Најдобрата другарка ми кажа дека така ќе се случи – изјави тогаш пејачката во емисијата „Магазин ин“.

Слични објави

Синот на Халид Бешлиќ по повод шест месеци од неговата смрт: „Секој ден очекувам да ми се јавиш“

Еспресо

Вистинскиот пар чевли прави разлика: Дојдете во Chantel, затоа што секој чекор заслужува да биде забележан

Еспресо

Нина Ѓогани за ужасното насилство што го доживеала: „Ме тепаа и ме навредуваа“

Еспресо

Велигденски хит – рачно изработени свеќи што ќе ви го разубават домот

Еспресо

Јанг Дади се отвори за тешкиот период: Ме игнорираа

msp-admin

(Фото) Жељко Бебек прослави 24 години брак со својата 34 години помлада сопруга: „Тоа нешто наше“

Еспресо
Се вчитува....