00:39 - 8 април, 2026

Ѕвездата на „Луд, збунет, нормален“: „Среќа што сум жив, имав три операции на гласните жици“

Босанскиот актер Сенад Башиќ (63), на публиката најпознат како Фарук Фазлиновиќ од култната серија „Луд, збунет, нормален“, повторно ѝ се обрати на јавноста по подолг период. Иако се соочува со сериозни здравствени предизвици, тој продолжува активно да работи и да предава глума.

Башиќ преку социјалните мрежи ги повика следбениците во театар, а воедно откри дека и покрај здравствената состојба редовно ги извршува обврските како професор на Академијата за сценски уметности при Универзитетот во Сараево. Неговата посветеност на студентите и на сцената останува непроменета.

Актерот претходно откри дека имал сериозни проблеми со здравјето и дека сè уште прима терапија. Зад себе има три операции на гласните жици – две во Загреб и една во Сараево.

„Имав сериозни здравствени проблеми и уште сум на терапии. Со оглед на тоа што имам 62 години, сè што поминав во кариерата и колку играв за време и по војната, можам само да кажам – добро е што сум жив“, изјави тој во едно интервју.

Под неговите објави се нижат пораки со поддршка: следбениците му посакуваат брзо закрепнување и го нарекуваат „глумачка легенда“ што го одбележала нивното детство. И покрај нарушеното здравје, Башиќ останува активен – на сцена и во аудиториумот, со истата препознатлива духовитост што ја носи со децении.

Слични објави

Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, Атина, го оперирала носот?

Еспресо

Хрватската пејачка Лана Јуричевиќ повторно стана мајка: „Ни пристигна најслаткото велигденско пиле“

Еспресо

Изјавата на Дивна за бракот на Карлеуша и Душко Тошиќ повторно е главна тема во јавноста

E.A.

Чолиќ среде концерт ја здогледа првата љубов и веднаш ѝ пристапи – неговиот гест е главна тема на денот

E.A.

(Видео) Весна Змијанац во невидено издание – пие, пуши и седи за време на настап!

Еспресо

Погледнете како Јована Јоксимовиќ навистина се однесува со вработените

E.A.
Се вчитува....