Пејачот Јанг Дади чија „Лидија“ во моментов е голем хит рече дека имал тежок пат до успехот и многумина го игнорирале.
Тој во своето гостување во емисијата „Магазин“ на ТВ „Сител“ отворено проговори за реалноста на македонската музичка сцена. Навраќајќи се на своите почетоци пред седум години, тој признава дека патот до успехот бил исполнет со сомнежи и постојано споредување со веќе етаблираните имиња. Иако бил сигурен во својот специфичен стил, Дади не можел да не се запраша зошто неговата музика на почетокот не добивала соодветна поддршка од медиумите и од постарите колеги.
„Се прашував зошто не ме пуштаат на радио, зошто некои артисти не ми даваат поддршка, па затоа морав сам да го изградам патот“.
Наместо брза слава преку ноќ, тој верувал во процесот на постепено докажување и градење на сопствениот бренд, нагласувајќи дека за сè во животот е потребно време. Објаснува дека му биле потребни години за да ги постигне посакуваните цели, па дури по првата година неговите песни конечно почнале да се вртат на радио станиците, додека првите сериозни интервјуа и високиот квалитет на спотовите дошле дури по третата година од неговата кариера.
„Не се станува ѕвезда само со објавување на Јутјуб, треба време и простор за луѓето да научат кој си и што си“. Јанг Дади призна дека на почеток морал да им се јавува на познаници во радио станиците за да му ги пуштаат песните.
View this post on Instagram
