10:13 - 8 април, 2026

(Видео) Кралот на фолкот, Азис, повторно се збогува со својата колешка и астрална близначка, Деси Слава

Популарниот бугарски пејач Азис повторно стави крај на пријателството со својата колешка, пријателка и астрална близначка Деси Слава. Тој со емотивна порака се збогуваше од неа на социјалните мрежи, пренесува „Хот Арена“.

„Вчера ји се јавив на Деси Слава да ја прашам нешто важно за мене. Погодете дали  денес се јави или ми врати повикот? НЕ! Ја повикав Галена за истото. Девојката ми одговори поспано и од вчера до денес имаме над 40 пораки на темата и разговаравме 5 пати. И потоа Деси излегува на телевизија и се жали од мене? … Збогум, Деси Слава!!!“ – напишал пејачот.

Сепак ова не е прв пат, Азис и Деси Слава и порано имале проблеми.

„Се караме и понекогаш сум многу лицемерен, но Деси е пријателка – сон! Жена која те инспирира! Таа е најдобрата фолк пејачка според мене! Ја изгуби довербата во мене затоа што кажав многу лаги за неа. Но, таа многу ми помогна … Ја сакам ужасно и научив многу од неа“, рече еднаш Азис.

Неколку дена подоцна откако Азис го објави дека ставил крај на пријателството се огласи и Деси Слава:

„Вистината е дека ми се налути, но не ми се јави да дознае како стојат работите. Имаше недоразбирање. Не требаше да се чувствува толку повредено бидејќи не направив ништо со што би го навредила. Потоа почна да ме „плука“ во разни емисии, што ме погоди“.

Инаку, Азис и Деси Слава имаат бројни музички соработки, а една од нив е големиот хит „Zhaduvam“.

Слични објави

(Видео) Ивона Јо: Ми отсранија 11 килограми кожа, немам веќе болки

msp-admin

(Фото) Среќна баба: Кате од „Нели ти реков“ ги покажа внуките

apostolova

Хороскоп за 8 април: Близнаците носат одлука што менува тек, Девиците конечно се ослободуваат од дилема

apostolova

Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, Атина, го оперирала носот?

Еспресо

Хрватската пејачка Лана Јуричевиќ повторно стана мајка: „Ни пристигна најслаткото велигденско пиле“

Еспресо

Изјавата на Дивна за бракот на Карлеуша и Душко Тошиќ повторно е главна тема во јавноста

E.A.
Се вчитува....