11:15 - 8 април, 2026

(Видео) Ивона Јо: Ми отстранија 11 килограми кожа, немам веќе болки

​Популарната пејачка Ивона Јо проговори за најдобрата животна одлука и промените кои брзо ѝ се случија.

Во поткастот „Равенка за успех“ пејачката зборуваше за својата физичка трансформација, откривајќи дека денес веќе не ги чувствува болките од минатото, бидејќи секој нов ден носел огромни промени кои се случувале со голема брзина. Таа потенцираше дека нејзиниот фокус бил насочен кон новата верзија на себе, што придонело емотивната и физичката тежина од периодот на слабеење брзо да избледи од нејзината меморија.

Фото/Инстаграм

​„Дури веќе во меморија ги немам болките, моментите, миговите кога сето тоа полека-полека почнуваше да се трга од мене, односно вишокот килограми. Секој ден гледаш нова верзија од себе и тоа се случуваше со голема брзина. Минатата година заминав на мојот најубав и најдобар избор во животот, а тоа е операцијата за отстранување на вишокот кожа кај доктор Емрах Аслан. Морам да ја споменам и Влада, која беше мојот координатор и ми го олесни целиот тој пат. За време на операцијата од мене беа отстранети 11 килограми кожа и масно ткиво. Тоа е најубавиот и најдобриот избор во мојот живот“, рече пејачката.

​Ивона јавно му се заблагодари на медицинскиот тим кој стоел зад овој сериозен потфат, нагласувајќи дека овој чекор е конечната победа во нејзината долгогодишна лична борба.

Слични објави

Грчкиот пејач искрено откри: Едита Арадиновиќ ме остава без здив

Еспресо

„Беше ироничен“ – Луна Ѓогани повторно проговори за Слоба Радановиќ

E.A.

(Фото) Среќна баба: Кате од „Нели ти реков“ ги покажа внуките

apostolova

Хороскоп за 8 април: Близнаците носат одлука што менува тек, Девиците конечно се ослободуваат од дилема

apostolova

Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, Атина, го оперирала носот?

Еспресо

Хрватската пејачка Лана Јуричевиќ повторно стана мајка: „Ни пристигна најслаткото велигденско пиле“

Еспресо
Се вчитува....