Победникот на српското реално шоу „Елита 8“ Ненад Маринковиќ Гастоз и поранешната учесничка на реалното шоу „Задруга“ Анѓела Ѓуричиќ ја обновија својата романса пред неколку дена, а таа се врати во неговиот стан каде што живееја заедно во претходните месеци.
Анѓела сега сподели видео од нивниот дом, па ја покажа новогодишната декорација и празничното расположение.
Таа ја снимила елката и нивните кучиња како уживаат во близина на светилките, додека истовремено ја снимила и полицата на која се наоѓаат неколку икони, а на многу луѓе им го привлекла вниманието и фотографијата на Гастоз со неговата мајка.
Тој беше исклучително приврзан кон својата мајка и постојано нагласуваше колку му било тешко по нејзината смрт. Гастоз неодамна објави фотографија од својата мајка и порача:
– Зборувајте им дека ги сакате додека ги имате – напиша тој во описот.
Да потсетиме, поранешната учесничка во ријалити шоуа Слаѓа Поршелина е многу блиска со ријалити парот, а неодамна проговори за нивната врска и раскинување.
– Веднаш ја контактирав Анџела, но првенствено поради нејзината операција и девојката буквално не можеше да зборува. Знам какви се операциите на носот и токму поради тоа не сакав да ја прашам ништо за раскинувањето, но мислам дека таа самата ќе се огласи и не треба јас да зборувам во нејзино име. Мислам дека имаше мала расправија затоа што сакаше да оперира нешто на себе, да го промени својот природен изглед и веројатно на Гастоз тоа не му се допаднало, бидејќи сака да биде доминантен и таков е сам по себе и веројатно околу тоа не се согласиле. Сите знаат дека летоска се дружев со нив и сè уште навивам за таа љубов, бидејќи се случи ситуација од една прекрасна хармонија и од нивниот дом каде што живееја заедно, да дојде до раскинување. Не мислам дека ова е медиумски, бидејќи тие се постојано актуелни и се доволни еден за друг, туку дека оваа расправија едноставно се случи, а Гастоз, во својот манир, секогаш сака да биде двосмислен. Гледам дека нејзиното куче е со него, а таа е во Турција, па мислам дека ова не е долгорочно, туку дека наскоро ќе бидат заедно во јавност – рекла Слаѓа за „Блиц“ и додала:
– Тој кога ќе се налути, реагира брзо, а тоа беше само обична кавга. Сите едвај чекаа да се случи ова, а фановите веќе се побунија, бидејќи Анѓела не се огласува, но едвај чекам таа да се огласи и ќе реши сè со една слика. Можеби знам нешто, но сакам да им кажам на фановите да бидат мирни. Гастоз не е некој што би исфрлил некого од станот, се разделија мирно, но кога ќе се врати од Турција, каде што моментално се опоравува, сè ќе биде во ред. Ова е само пауза во долга врска – искрена била таа во откривањето како ѝ изгледала Анѓела кога последен пат се слушнале.
