11:47 - 8 април, 2026

(Видео) „Болката ја почувствував дури утрото“: Северина целата во модринки, откако падна среде настап

На почетокот на ноември, Северина одржа два концерта во Загрепската арена, а првиот настап беше обележан со непријатен момент кој веднаш стана вирален – пад на сцената среде песна.

Имено, хрватската пејачка самата го сподели видеото од падот на социјалните мрежи, а сега ги покажа и последиците од несреќата.

Видеото што го објави покажува модринки под коленото, а откри и дека не ја почувствувала вистинската болка веднаш.

„Дури кога сè се олади, ја почувствував болката наутро. Но, погледнете, птиците умираат пеејќи“, се пошегува пејачката.

За потсетување, Северина веднаш по паѓањето на сцената почна да се смее, стана на колена и го продолжи својот настап без прекин, за што доби стоечки овации од публиката во Арената. Многумина на социјалните мрежи ја прогласија нејзината реакција за пример за професионализам и самодоверба.

Коментарите беа: „Ако паднеш, земи  си ја круната и продолжи да одиш. Тоа го прават кралиците“, „Што е важно што паднала? Таква кралица никогаш повеќе нема да се роди“, „Жената ја изеде сцената, каква енергија“, „Кралицата стана и се смееше како ништо да не се случило. Почит, тоа го прават професионалците“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Слични објави

Го заведе синот на најмоќниот Србин, а по неговата смрт ѝ замеруваа за операциите – вака изгледаше Николина Пишек некогаш

E.A.

Грчкиот пејач искрено откри: Едита Арадиновиќ ме остава без здив

Еспресо

„Беше ироничен“ – Луна Ѓогани повторно проговори за Слоба Радановиќ

E.A.

(Видео) Ивона Јо: Ми отстранија 11 килограми кожа, немам веќе болки

msp-admin

(Фото) Среќна баба: Кате од „Нели ти реков“ ги покажа внуките

apostolova

Хороскоп за 8 април: Близнаците носат одлука што менува тек, Девиците конечно се ослободуваат од дилема

apostolova
Се вчитува....