23:51 - 7 април, 2026

Шок во емисијата: Сања Вучиќ откри како се вика нејзиното момче и го изненади Огњен Амиџиќ

Пејачката Сања Вучиќ направи неочекуван потег за време на своето гостување во емисијата „Амиџи шоу“, откривајќи детали од приватниот живот што досега вешто ги криеше од јавноста.

Во рамки на играта „Јади или одговори“, водителот Огњен Амиџиќ ја праша како се вика нејзиното момче, а таа – на изненадување на сите – реши искрено да одговори.

„Искрено, се вика Огњен. Многу е добар човек и супер е“, изјави пејачката, оставајќи го водителот затекнат.

„Овој одговор не го очекував“, кратко реагираше Амиџиќ.

Инаку, Вучиќ и претходно има истакнато дека ретко зборува за љубовниот живот, токму поради искуствата од минатото.

„Ретко зборувам за тоа затоа што сите можеа да ги видат моите погрешни избори. Тогаш станувам ранлива и испаѓам ваква или онаква. Ми е глупаво што сите мораа да го видат тоа“, изјави таа во едно од претходните интервјуа.

Слични објави

Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, Атина, го оперирала носот?

Еспресо

Хрватската пејачка Лана Јуричевиќ повторно стана мајка: „Ни пристигна најслаткото велигденско пиле“

Еспресо

Изјавата на Дивна за бракот на Карлеуша и Душко Тошиќ повторно е главна тема во јавноста

E.A.

Чолиќ среде концерт ја здогледа првата љубов и веднаш ѝ пристапи – неговиот гест е главна тема на денот

E.A.

(Видео) Весна Змијанац во невидено издание – пие, пуши и седи за време на настап!

Еспресо

Погледнете како Јована Јоксимовиќ навистина се однесува со вработените

E.A.
Се вчитува....