Алекса Балашевиќ, син на легендарниот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ, и неговата сопруга Николина го очекуваат своето второ дете. Двојката ќе добие син, а радосната вест ја сподели самиот Алекса на социјалните мрежи, што ја потврди и неговата мајка, Оливера Балашевиќ.
Алекса доаѓањето на синот го најави со емотивна објава.
„Некои луѓе до крајот на животот остануваат само луѓе, а некои добиваат чест да станат нечиј завет. Завет без кој некому ни Стариот ни Новиот завет не му значат ништо. Благодарение на Николина, мојата лоза продолжува – повеќе не сум Омега. За околу два месеца ни пристигнува син. Брат на Вера, кого долго го очекуваме“, напиша тој.
Во продолжение додаде: „Колкава среќа може да има некој како мене, Бог да му испрати уште еден ангел со твоите гени… Би разбрал и да штеди, но не се бунам што ме задолжува уште повеќе – со мирисот на небото. Со тебе, со вас… Како што би рекол некој мој најголем, некој наш најдобар, исто така од небото – повеќе не сум в.д. Балашевиќ, сега сум Балашевиќ во оставка, а за неколку месеци мандатот му го предавам на наследникот.“
Веста особено ја израдува и неговата мајка Оливера, која ја сподели радоста со своите следбеници.
„Изгледа дека мандатот како баба ми беше толку успешен што прогласивме итен реизбор. По три прекрасни внуки кои нè разнежија до крај, пристигнува засилување во машки состав малку да ‘додаде ѓон‘ и да направи вистински дар-мар. Нашата Панонска морнарица добива мал капетан – пристигнува момче да провери дали трите девојчиња можат баш сè да го научат“, напиша таа.
Оливера продолжи со поетски тон: „Крвта не е вода, а на нашиот Булевар, изгледа, и позите се наследни. Додека ние две вака синхронизирано го ‘мериме‘ светот и ја вежбаме строгоста на прекрстените нозе, трите принцези веќе добија инструкции: нашата женска симетрија наскоро добива мал ‘натрапник‘. Вера веќе сериозно планира стратегија, затоа што пристигнува машко засилување да провери дали четири дами можат да го научат како правилно се ‘држи линија‘ во семејството Балашевиќ.“
„Некои нови клинци веќе ги учат нашите семејни симфонии, а клупата на Булеварот станува тесна за сета љубов што се слева во неа. Едвај чекам да видам кој следен ќе ги прекрсти нозете во ова наше мало, а големо кралство“, заклучи таа.
