17:56 - 8 април, 2026

Нина Ѓогани за ужасното насилство што го доживеала: „Ме тепаа и ме навредуваа“

Нина Ѓогани, ќерката на Анабела Атијас и Гаги Ѓогани, откри дека била малтретирана во училиште само затоа што била дете на познати родители.

Нина, која неодамна имаше операција на носот, призна дека најлошото нешто што го доживеала како дете на Ѓогани всушност било насилство од врсници.

Таа истакна дека најтешкиот период бил за време на „Задруга 1“, кога нејзината сестра Луна претрпела голема осуда од јавноста поради нејзината врска со оженет пејач.

– И во училиште и во соседството каде што излегував, децата не ме сакаа баш. Ме тепаа, ме навредуваа, понекогаш ме удираа, пцуеја и тоа… Причината е што сестра ми е Луна и моите родители се познати, тоа беше најмногу кога беше првата сезона од реалното шоу. Престана кога завршив основно училиште – рекла Нина.

Врската на Нина со дечко кој беше во затвор, исто така привлече големо внимание од јавноста.

– Излезе од затвор. Не беше тешко да се одржи врската, но ја раскажав таа приказна толку многу пати, што… Сега е одлично, се сакаме, тој е одличен човек и немаме никакви проблеми – открила сестрата на Луна.

Слични објави

Велигденски хит – рачно изработени свеќи што ќе ви го разубават домот

Еспресо

Јанг Дади се отвори за тешкиот период: Ме игнорираа

msp-admin

(Фото) Жељко Бебек прослави 24 години брак со својата 34 години помлада сопруга: „Тоа нешто наше“

Еспресо

На Здравко Чолиќ ќе му врачат димпломатски пасош на Босна и Херцеговина

Еспресо

(Фото) Многу си личат: Ова е сестрата на Бојана Скендеровски

msp-admin

Мис Бугарија Венцислава Тафкова ја откри тајната за нејзиното убаво лице

apostolova
Се вчитува....