10.8 C
Скопје
10:52 - 17 март, 2026

На Лепа Брена некогаш не ѝ е потребен фризер бидејќи сака да експериментира со перики за кои одвојува мало богатство

Лепа Брена внимателно води сметка за секој чекор во нејзината кариера. Квалитетни песни, инвестирање во концерти за кои се зборува со години, нови бизниси, се само дел од нејзините подвизи во кариерата за која многумина сонуваат.

За да изгледа беспрекорно на сцената, Брена соработува со бројни костимографи, шминкери, како и фризери. Интересно е што понекогаш не ѝ е потребна помош од фризер, бидејќи познатата пејачка сака да експериментира и се почестува со перики за кои одвојува мало богатство.

Таа издвојува околу 500 евра за една перика.

Според извештаите на српските медиуми, Брена почнала да ја губи косата поради пречестото фарбање и тапирање на косата, а имиџот на заносна русокоса што ја следи од почетокот на нејзината кариера е важен за неа.

„Брена навистина има големи проблеми со својата природна коса, која со возраста станува сè поретка и паѓа сè повеќе и повеќе секој ден. Дека многуте години белење, тапирање и третирање на косата на разни снимања си го земале данокот, сфатила кога почнала да се фотографира со нејзиниот нов мобилен телефон. Се исплашила кога видела дека изгледа како да е ќелава од напред. Залистоците се толку длабоки што е страшно. Некое време се обидуваше да пушти шишки за да ги скрие залистоците, но годините си го направиле своето, ништо повеќе не помага. Брена падна во депресија и некое време носеше капи и шапки сè додека нејзиниот фризер не ѝ рече дека идеалното решение се периките, кои денес се толку напредни што малкумина можат дури и да забележат дека имаат вештачка коса на главата. Иако претходно носеше перики и тие не ѝ беа баш омилени, Брена реши да го послуша својот соработник и нарача две за да ги проба.“, изјавил пред неколку години извор близок до пејачката за Alo.rs.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa)

Слични објави

(Фото) Коки Јанков како градежник: Од темели до кров

msp-admin

Тие му се единствената утеха по смртта на брат му: Дарко Лазиќ со нова емотивна објава

msp-admin

(Фото) Ивона Јо во проѕирен фустан, посекси не изгледала досега

msp-admin

Намалете го холестеролот без лекови – што да јадете, а што да избегнувате?

Еспресо

Дневен хороскоп за 17 март: Бидете трпеливи, успехот допрва доаѓа

apostolova

Ѕвездите ве советуваат како да го изберете идеалниот партнер за вашиот хороскопски знак

Еспресо
Се вчитува....