13:50 - 8 април, 2026

Мис Бугарија Венцислава Тафкова ја откри тајната за нејзиното убаво лице

Мис Бугарија 2020, Венцислава Тафкова, откри како ја одржува својата кожа свежа без да прибегнува кон тешки и драстични естетски корекции. Фолк ѕвездата во подем сподели дека им верува на козметичките засилувачи на кожата (skin boosters), а од оваа година започнала и со „бебешки ботокс“ – процедура со минимални количини која делува превентивно и ги зачувува природните изрази на лицето.

Според Тафкова, најважни за добар резултат остануваат секојдневната нега на кожата и изборот на вистински специјалист. Таа е категорична дека претпочита лицето да ѝ изгледа негувано, а не „преправено“ – став за кој има зборувано многупати претходно.

Да потсетиме, Венцислава и претходно се изјасни против прекумерните интервенции и популарната мода на таканаречените „триаголни лица“, кои, според неа, ги обезличуваат жените и прават сите да изгледаат исто. Мисицата не крие дека нема ништо против лесните естетски процедури, сè додека тие ја нагласуваат природната убавина и не го менуваат лицето до непрепознатливост.

Токму затоа, нејзиното признание за користење „бебешки ботокс“ не е изненадување. Во последно време, сè повеќе популарни дами се вртат кон полесни и понежни процедури кои го освежуваат лицето без да го „замрзнат“ изразот.

Се чини дека овој тип на негувана убавина станува сè попопуларен, а Венцислава Тафкова е меѓу првите јавни личности кои отворено ја поддржуваат оваа линија на природен изглед.

Слични објави

По 84 години Уран влегува во Близнаци – започнува седумгодишна ера на револуција и промени

Т.Ц.

Го заведе синот на најмоќниот Србин, а по неговата смрт ѝ замеруваа за операциите – вака изгледаше Николина Пишек некогаш

E.A.

Грчкиот пејач искрено откри: Едита Арадиновиќ ме остава без здив

Еспресо

„Беше ироничен“ – Луна Ѓогани повторно проговори за Слоба Радановиќ

E.A.

(Видео) Ивона Јо: Ми отстранија 11 килограми кожа, немам веќе болки

msp-admin

(Фото) Среќна баба: Кате од „Нели ти реков“ ги покажа внуките

apostolova
Се вчитува....