11.8 C
Скопје
12:56 - 18 март, 2026

Меркел се фризира и дотерува на сметка на државата, Германците револтирани

Голема сума од речиси 55.000 евра потрошила германската влада за козметика и фризура на поранешната канцеларка Ангела Меркел откако таа ја напушти функцијата на крајот на 2021 година.

Овој зачудувачки податок, кој ги налути даночните обврзници, го објави Федералната канцеларија на барање на германскиот весник „Тагес Шпигел“. Според нивните податоци, поранешниот лидер на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) вработува жена од Берлин да се грижи за нејзината коса, шминка и облека.

За фризурата и шминката на поранешната канцеларка да бидат совршени, а нејзината облека да биде модерна, германската влада лани од буџетот издвоила 37.780 евра, додека трошокот за дотерување во текот на оваа година изнесувал 17.200 евра. Кога овие податоци ќе се стават на хартија и ќе се пресметаат, излегува дека државата одвојува по 3.000 евра месечно за скромниот изглед на политичарката, која речиси две години е без функција. Ова ги вклучува патните трошоци и сместувањето во хотел за стилистот кој ја придружува Меркел на состаноците.

„Надоместувањето трошоци е поврзано со продолжување на официјалните должности, без разлика дали се јавни или приватни“, изјавија од сојузната влада за „Тагесшпигел“.

Слични објави

Татко на две ќерки и син и уште една посвоена: Бојана го покажа сопругот во домашно издание

Еспресо

Што се крие зад смртта на турската модна инфлуенсерка? Семејството се сомнева во официјалната верзија на истрагата

Еспресо

Шок во емисијата: Сања Вучиќ откри како се вика нејзиното момче и го изненади Огњен Амиџиќ

Еспресо

Куркумата е многу здрава, но во овие пет случаи не смее да се користи

Еспресо

(Фото) Наде Телевска во најсекси издание: Ослабе и комплетно се промени

Еспресо

Не го преболела: Николина Пишек со трогателен гест за покојниот сопруг

Еспресо
Се вчитува....