Пејачката Едита Арадиновиќ по бурниот јавен судир со Јелена Карлеуша призна дека колешката отсекогаш ѝ била голема инспирација и дека искрено ја почитува.
Пред две години двете имаа сериозен конфликт во јавноста и разменуваа остри зборови преку медиумите. Сепак, Едита во еден момент одлучи да ги смири тензиите и да стави крај на несогласувањата. Денес отворено зборува дека високо ја цени Карлеуша, иако за време на расправијата се обидувала јавно да ја прозива и понижи.
Во емисијата „Амиџи шоу“, на прашањето како дошло до помирувањето, Едита не сакаше да навлегува во детали, но призна дека ја обожава нејзината појава и работа.
„Не го очекував ова, тоа беше одамна. Прво, јас бев сериозен фан на Карлеуша, уште од мала ја обожавав нејзината појава и работа. Што се случи подоцна, кого веќе го интересира. Мене ми е симпатична, луда е како ѕвоно, тука нема што повеќе“, изјави Едита.
Да потсетиме, сè започна кога Едита своевремено изјави дека албумите Alfa и Omega на Јелена Карлеуша „не се по нејзин вкус“, како и дека на промоцијата присуствувала од почит кон продуцентот. Карлеуша тогаш јавно изрази разочарување и тоа го сподели на својот профил на Инстаграм.
По разменетите тешки зборови, Едита реши да ја смири ситуацијата. На промоцијата на албумот на Нучи таа повторно беше запрашана за скандалот, но одби подетално да коментира.
„Јелена Карлеуша нема да ја коментирам. Тоа многу ме заболе и никогаш повеќе нема да си дозволам таква бол. Момчето го оставив веднаш штом дознав дека човекот покрај кого спијам не е мој“, изјави таа пред медиумите, по што се осврна и на својот приватен живот и кариера.
