12:21 - 8 април, 2026

„Јас сум скапа жена, спонзоруша“: Ќерката на Дино Дворник си ја отвори душата

Инфлуенсерката Ела Дворник на својот профил на ТикТок сподели лични спомени од детството и од животот со својот покоен татко, музичката легенда Дино Дворник, откривајќи дека растела далеку од луксузот што многумина го поврзуваат со познатите личности.

Во една од објавите, таа низ шега напиша: „Јас сум скапа жена, спонзоруша“, алудирајќи на фотографија од Дино покрај „фиќо“, за кој иронично напомена дека повеќе го туркале отколку што го возеле.

„Имаше звучници како за ферари“, додаде таа.

Ела раскажа дека семејството живеело во стан во Врапче од околу 35 до 40 квадратни метри.

„Станот беше распад. Влезната врата беше како од стиропор, можев да ја отворам без клуч. Еднаш нè ограбија и ми ги украдоа кованиците од касичката“, раскажа таа низ смеа.

Според неа, татко ѝ често се враќал од настапи без пари, затоа што уживал во музиката и не се оптоварувал со заработката.

„До својата 14. година мислев дека татко ми е најголем клошар на светот. Кај нас немаше брендови, немаше Гучи, Диор…“, искрено призна Ела, додавајќи дека на Дино најважно му било музичарите од бендот да бидат платени и концертот да биде успешен. Откри и дека имал силна трема пред настапите.

Таа нагласи дека никогаш не пораснала во луксуз.

„Роденденот ми е на 23-ти, Божик на 25-ти и тогаш добивав само еден подарок“, раскажа Ела, додавајќи дека нејзините родители живееле скромно и штеделе за стан во Малешница, за кој морале да подигнат кредит.

На крајот, таа истакна дека нејзиниот татко немаше да постигне толку многу без поддршката од нејзината мајка Данијела, која, како што рече, имала клучна улога во неговата кариера и во функционирањето на семејството.

Слични објави

Го заведе синот на најмоќниот Србин, а по неговата смрт ѝ замеруваа за операциите – вака изгледаше Николина Пишек некогаш

E.A.

Грчкиот пејач искрено откри: Едита Арадиновиќ ме остава без здив

Еспресо

„Беше ироничен“ – Луна Ѓогани повторно проговори за Слоба Радановиќ

E.A.

(Видео) Ивона Јо: Ми отстранија 11 килограми кожа, немам веќе болки

msp-admin

(Фото) Среќна баба: Кате од „Нели ти реков“ ги покажа внуките

apostolova

Хороскоп за 8 април: Близнаците носат одлука што менува тек, Девиците конечно се ослободуваат од дилема

apostolova
Се вчитува....