21:56 - 7 април, 2026

Изјавата на Дивна за бракот на Карлеуша и Душко Тошиќ повторно е главна тема во јавноста

Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ

Изјавата на покојната новинарка и водителка Дивна Карлеуша за нејзиниот зет Душко Тошиќ повторно се најде во фокусот на јавноста, откако на социјалните мрежи почна да кружи старо видео од едно реално шоу.

Имено, Дивна за време на своето учество во емисијата зборуваше за бракот на својата ќерка Јелена Карлеуша и фудбалерот, при што без задршка го изнесе своето контроверзно мислење за зетот. Во разговор со пејачката Зорица Марковиќ, таа се осврна на тогашните предвидувања за иднината на својата ќерка, но и на однесувањето на Душко.

Тогаш Дивна изјави дека Тошиќ е „невиден швалер“, алудирајќи на наводни неверства во бракот, истакнувајќи дека најважно ѝ е нејзината ќерка да биде добро, без оглед на околностите.

Која беше Дивна Карлеуша?

За потсетување, Дивна Карлеуша нè напушти на 3 март пред седум години. Таа во јавноста беше најпозната како мајка на Јелена Карлеуша, но имаше и богата кариера како радио-водителка.

Родена е во Словенија (Птуј) на 25 јануари 1958 година. По основното училиште живеела во Пула и Загреб, а подоцна се преселила во Белград каде завршила гимназија и се запишала на Правниот факултет. Студиите никогаш не ги завршила бидејќи многу млада се омажила, ја родила ќерката и целосно се посветила на семејството.

Дивна имаше талент и за сликање, а нејзината животна приказна е исполнета со преселби и семејни премрежија. Нејзиниот татко Јуриј, кој бил пилот по професија, загинал кога таа имала само 10 години, по што мајка ѝ Даринка ја довела неа и нејзината сестра во Србија.

Слични објави

Хрватската пејачка Лана Јуричевиќ повторно стана мајка: „Ни пристигна најслаткото велигденско пиле“

Еспресо

Чолиќ среде концерт ја здогледа првата љубов и веднаш ѝ пристапи – неговиот гест е главна тема на денот

E.A.

(Видео) Весна Змијанац во невидено издание – пие, пуши и седи за време на настап!

Еспресо

Погледнете како Јована Јоксимовиќ навистина се однесува со вработените

E.A.

(Фото) Северина го прослави Велигден во свилени пижами од 1.080 евра и мокасини од „Гучи“

Еспресо

Целта на Артемис 2 е трајно присуство на човекот на Месечината – што би значело тоа за човечкото тело?

Т.Ц.
Се вчитува....