Босанскиот музичар Жељко Бебек (80) и неговата 34 години помлада сопруга Ружица Бебек прославија 24 години брак. Тој ѝ испрати емотивна порака на социјалните мрежи за да го одбележи овој настан.
Бебек објави фотографија од нивната свадба во Дубровник, како и фотографија на која позираат со нивниот син Звонимир и ќерката Катарина.
– Моја Ружица, прославивме уште една година заедно! Ти благодарам за секоја година љубов, смеа и се најдобро. 24 | 6. 4. 2002. Она нешто наше. Љубов – напиша тој во описот.
View this post on Instagram
Нивната љубовна приказна започнува кога се запознале во дискотека во Посушје кога таа имала 18, а тој 52 години. Таа му пришла и побарала да се фотографираат.
„Се сеќавам дека откако таа ја напушти дискотеката, се качив во колата и возев по неа со надеж дека, на пример, нејзината кола ќе застане и јас ќе дојдам како спасител“, рекол Бебек претходно во интервју за Gloria.hr.
Тоа не се случило, па затоа организирал концерт во Томиславград, каде што таа е родена. Таму повторно се сретнале и размениле телефонски броеви.
На почетокот биле пријатели. Тој рекол дека започнале љубовна врска кога сфатиле дека им е многу подобро заедно отколку разделени.
