11:33 - 8 април, 2026

(Фото) Внуката на Маријана Новачевска е иста како баба ѝ, а ова го рече Росана за неа

Маријана Новачевска од Австралија објави фотографија од својата преслатка внука Ева која многу наликува на својата баба.

На Велигден во 2020 година, Маријана Новачевска стана баба. Снаата на Маријана, сопругата на синот Филип, Анастасиа, во Мелбурн ја роди Ева, првата внука на Маријана и на Тоде Новачевски, кој почина во 2022 година.

Маријана која со семејството долги години живее во Мелбурн, работи како стоматолог и се повлече од јавноста и од музиката. Таа има и ќерка Магдалена која е убава на мајка ѝ.

Нејзината профилна фотографија, сега е фотографија токму од убавата, насмеана Ева која е голема гордост на баба Маријана, но и на баба Росана, нејзината сестра близначка која живее во Скопје.

Фото / Фејсбук

 

– Лепотица насмеана на баба Росана, душа моја – напишала Росана под оваа фотографија. Маријана и Росана иако долги години не се активни како дуо, одвреме-навреме, кога ќе се видат пеат заедно, и нивните хитови станаа евергрини.

Слични објави

Грчкиот пејач искрено откри: Едита Арадиновиќ ме остава без здив

Еспресо

„Беше ироничен“ – Луна Ѓогани повторно проговори за Слоба Радановиќ

E.A.

(Видео) Ивона Јо: Ми отстранија 11 килограми кожа, немам веќе болки

msp-admin

(Фото) Среќна баба: Кате од „Нели ти реков“ ги покажа внуките

apostolova

Хороскоп за 8 април: Близнаците носат одлука што менува тек, Девиците конечно се ослободуваат од дилема

apostolova

Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, Атина, го оперирала носот?

Еспресо
Се вчитува....