Катерина Танева-Георгиев, позната како Кате од „Нели ти реков“, ги покажа своите внуки кои се нејзината најголема гордост и среќа.
Пејачката од Неготино која долги години со семејството живее во Скопје ја смени насловната фотографија на која се внуките, Катја и Арија.

Во септември во 2024 година, Кате на Фејсбук објави дека добила зет, а на сликата ги означи нејзината ќерка Ларита и зетот Горан. Кате е со сопругот 27 години во брак и со радост раскажува дека тој ѝ е најголема поддршка и ја следи на многу настапи.
-Кога ќе се разочарам, тој е тука да ме смири, да ме искритикува, па понекогаш и да се скараме, затоа што тој поинаку ги гледа работите. Во еден период, јас се разочарав од музичката состојба кај нас, но тој е тој што „со карање“, како што се вели, ме тера да продолжам понатаму“, раскажа пејачката во една прилика за „Слободен печат“.
