Поранешната сопруга на пејачите Аца Лукас и Жељко Шашиќ, Сонја Вуксановиќ, ужива на Малдиви, а фотографијата на која е гола во базенот стана вирална на социјалните мрежи.
Соња отпатува во топлите краеви, а скоро секојдневно објавува фотографии од оваа егзотична дестинација, прикажувајќи во каков рај ужива.
Сега позираше во базен, свртена со грб, целосно гола. Покрај тоа, објави и низа фотографии од прекрасната природа, како и од капењето во рози.
View this post on Instagram
Инаку, Сонја Вуксановиќ пред Аца Лукас беше во брак со Жељко Шашиќ, со кого ја има ќерката Софија.
Со Жељко се омажила на само 18 години, а разводот бил бурен и проследен со скандали. Жељко јавно зборувал за изневерувањето на Сонја и Аца Лукас, а подоцна имал и лоши односи со ќерката Софија, која на социјалните мрежи го избришала неговото презиме и го зелa презимето на очувот – Вуксановиќ.
Од бракот со Аца Лукас, Соња ја доби ќерката Викторија и тој развод беше проследен со скандали, при што Лукас беше обвинет дека ја изневерувал.
„Не јас ја земав жената од Жељко Шашиќ, тие се разведоа кога јас и Соња почнавме врска. Не знам зошто толку се лути на мене. Се обидов да направам добро, многу добри работи направив за него. Тој е добар пејач, можеше многу повеќе да постигне, но не. Не мислам ништо лошо за него. Втората работа е дека тој е татко на дете кое порасна со мене“, изјави Лукас за Hype TV.
Тој додаде:
„Никогаш не сакав да направам ситуација да го заборави својот татко, напротив. Често бев иницијатор тие да се гледаат. Денес тие имаат одличен однос. И со мене имаат супер однос. Никогаш не сакав да ѝ го заменам татко ѝ, но таа знае дека секогаш сум тука за неа и ќе ја гледам како свое дете цел живот. Кога беше мала ѝ реков да го повика татко ѝ и јас ќе ја однесам да се видат. Не беше убаво што тој зборуваше лошо за мене и Соња, затоа што никогаш не сакав да ја оддалечам од татко ѝ. Кога ми рече дека би сакала да се презива Вуксановиќ, тоа беше најубавото нешто што сум го слушнал, но јас не дозволив, за да ја заштитам позицијата на нејзиниот татко. Не треба да ѝ се замери, таа тогаш беше мала“.
