00:22 - 8 април, 2026

Џони Деп почна да го снима филмот за познатиот сликар Модиљани чиј живот згаснал на само 35 години

Џони Деп неодамна почна со снимање на својот нов филм во Будимпешта, Унгарија, во којшто една од главните улоги ќе ја толкува Ал Пачино.

„Моди“ е вториот долгометражен филм режиран од Џони Деп, а во него ќе глумат и Италијанците Луиза Раниери и Рикардо Скамарцио. Приказната го следи италијанскиот уметник Амедео Модиљани (Скамарцио) – сликар и скулптор – инаку лошо момче, кој главно работел во Франција и станал познат по револуционерниот модерен стил на неговите портрети и актови.

Раниери ја глуми Розали, сопственичка на италијанско кафуле во Париз. Според раскажувањата италијанскиот уметник имал многу пороци, а починал на 35-годишна возраст, Розали му била мајка, и се грижела за Модиљани кога бил пијан и без пари дотолку што не можел да си дозволи оброк.

Ал Пачино ќе го глуми светски познатиот колекционер на уметност, Морис Гангнат. Во филмот ќе се појават и Антонија Десплат, Стивен Грејам, Бруно Гуери, Рајан Мекпарланд, Бенџамин Лаверне и Сали Филипс.

Се очекува снимањето на „Моди“ по неколку седмици во Будимпешта да се премести во Италија.

Филмот го означува и враќањето на Џони Деп на режисерската фотелја 25 години по „Храбриот“, во којшто тој и глумеше покрај Марлон Брандо.

Инаку, една од неговите последни улоги е во филмот „Жан ди Бари“ каде што го глуми францускиот крал Луј Петнаесетти кој се вљубува во проститутка.

Филмот беше премиерно прикажан на Филмскиот фестивал во Кан оваа година, а привлече големо внимание бидејќи ова е негова прва улога по судењата со неговата поранешна сопруга Амбер Хард.

Слични објави

Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, Атина, го оперирала носот?

Еспресо

Хрватската пејачка Лана Јуричевиќ повторно стана мајка: „Ни пристигна најслаткото велигденско пиле“

Еспресо

Изјавата на Дивна за бракот на Карлеуша и Душко Тошиќ повторно е главна тема во јавноста

E.A.

Чолиќ среде концерт ја здогледа првата љубов и веднаш ѝ пристапи – неговиот гест е главна тема на денот

E.A.

(Видео) Весна Змијанац во невидено издание – пие, пуши и седи за време на настап!

Еспресо

Погледнете како Јована Јоксимовиќ навистина се однесува со вработените

E.A.
Се вчитува....