10:45 - 5 декември, 2025

„Бев грдо пајче кога се запознавме“: Весна Ѓогани за првата средба со Ѓоле и моментот што ѝ го променил животот

Весна Ѓогани откри нови детали за првиот пат кога го запознала Ѓоле Ѓогани, но и за средбата со неговата тогашна сопруга, Слаѓа Делибашиќ. Имено, таа имала само 12 години кога за првпат влегла во неговата танцова школа, без ниту најмала претстава дека токму таму ќе започне нејзината кариера – и животната приказна што подоцна ќе ја спои со Ѓоле.

Иако меѓу нив постои разлика од 18 години, денес важат за еден од најскладните парови на естрадата. Но, нивниот почеток бил далеку од романтичен – повеќе детски сон и упорност отколку љубовна приказна.

Весна откри дека поради другарка, почнала да посетува часови во танцовата школа на Ѓоле. Првиот момент многу јасно го памети:„Отидов кај мама и ѝ реков дека ми требаат пари. Заминавме во Земун, огромна гужва, а кај вратата стои Ѓоле. Јас право кај него: ‘Дојдов да се запишам.’ Имав 12 години. А тој, кој тогаш разговараше со сите родители, ми рече: ‘Сите сакаат кај мене, супер е, ама не можеш вака да ги држиш парите. Врати се, исправи ги, мораш да научиш да ги цениш, па дојди да се запишеш.’“.

Без да се навреди, Весна ги исправила парите и се вратила решена да успее.

„Во морето од сите деца, мене тоа ми го кажа. Јас – грдо пајче, мала, русокоса… а тој ме запомни“.

Во тоа време Весна веќе се занимавала со балет и музика, но поради повреда морала да се откаже од балетот. Танцот останал нејзина најголема љубов.

„Кога ќе се запишеш, си во последен ред. Ако си добар, одиш напред. Еден ден, додека останатите беа на фестивал, Баки (инструктор) ме виде како играм – му бев интересна и ме префрли од последен во прв ред“.

Весна мислела дека Ѓоле ќе ја врати назад, бидејќи бил строг и авторитетен, но се случило спротивното.

„Следниот тренинг дојде Слаѓа. Помина покрај мене, ме виде и рече: ‘Ти. Тој потег. Да, така треба.’ Тоа беше стрит денс, а јас имав основа од балет. Нејзината пофалба ми значеше многу.“

И покрај талентот, Весна се соочила со разочарување кога членови од групата отпатувале во Грција, а неа не можеле да ја поведат бидејќи била малолетна.

„Направија состанок да кажат кој оди. Не знаеше како да ми каже дека сум премлада. Ми рече: ‘Одлично играш, и ако нешто значи – јас сметам на тебе кога ќе се вратиме. Ако уште ти значи танцот, вратите ни се отворени.’“

Весна не ја криела тагата, но останала упорна.

„Кога се вратија, повторно ја платив членарината и тука почна мојот вистински напредок. Почнавме турнеја низ Србија со Драгана Мирковиќ. Тогаш сфатив дека тој живот е за мене“.

„Знаев дека ќе бидам жена што и игра и пее – нешто како Мадона, мјузикл, сцена. Тоа ме привлекуваше од дете,“ раскажа Весна во гостувањето кај Весна Милановиќ.

Слични објави

(Видео) Ќерка ѝ на Ели Танасковска се врати од Канада, водителката ја раскажа вистината

Еспресо

Обожавателка среде концерт ме замоли да го откријам полот на нејзиното бебе: Ацо Пејовиќ во Скопје раскажа интересна анегдота

Еспресо

(Фото) „Мал сончев зрак води низ облачно небо“: Лична приказна на Илина Арсова

Еспресо

„Кога излеговме на состанок, ми кажа дека е оженет“: Николина Пишек бара партнер на апликација за запознавање

Еспресо

По загубата на мајка му и на татко, само таа му остана: Дарко Илиевски со уште лична приказна

msp-admin

Хороскоп за 5 декември: Овните ќе склучат добра зделка, Раковите ќе имаат потешкотии на деловно поле

Еспресо
Се вчитува....