13.8 C
Скопје
17:51 - 22 март, 2026

(Видео) Српските медиуми во семејната куќа на Александра Пријовиќ: Еве што мислат соседите за неа

Пејачката Александра Пријовиќ го помина своето детство во хрватскиот град Бел Манастир, каде живеела со мајка ѝ, баба и дедо. Таму завршила основно образование и тригодишно средно образование.

Тимот на српската емисија „Папарацо лов“ дошол во градот каде што пораснала Пријовиќ со цел да дознае што мислат соседите за познатата пејачка и да ја сними нејзината куќа.

Соседите велат дека одамна не ја виделе, но се горди на неа. Една жена открила дека Пријовиќ играла одбојка со нејзината ќерка и дека отсекогаш сакала да пее.

Фото: Скриншот/Јутјуб

Порано некои од соседите ја гледале како го шета кучето со мајка ѝ, но велат дека одамна не ја виделе во Бел Манастир. Тие се многу горди на неа бидејќи некој од нивното место е толку успешен. 

Иако некои отсекогаш знаеле дека е талентирана, некои за неа дознале дури кога се појавила во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Еден локален жител изјавил дека штотуку поминале покрај нејзината мајка Борка, која живее во таа куќа. Потоа се запознале со една мештанка која ја познавала покојната баба на Александра, Драгица, која била пејачка на кафеана, а тој талент им го пренела на ќерката и на внуката.

Слични објави

Астросовети за секој хороскопски знак за неделата што следи – дали ѕвездите се на ваша страна?

Еспресо

Што да јадете ако имате проблеми со холестеролот?

Еспресо

Еве што се случува со имотот на Видој по помирувањето на Николина Пишек и Миша Гроф

Еспресо

„Има проблем да се одвои, со него сум и во тоалет“: Марија Шерифовиќ со детали за односот со синот Марио

Еспресо

(Фото) „Тато и неговите наследници“: Богдана објави неодолив момент од Вељко Ражнатовиќ со синовите во Русија

Еспресо

Хороскоп за 22 март: Раковите ќе имаат опуштени разговори со партнерот, Вагите ќе бидат во добро расположение

Еспресо
Се вчитува....