11:37 - 8 април, 2026

(Видео) Сека Алексиќ направи гала прослава за 8. роденден на синот: „Ќе биде ѕвезда на Јутјуб“

Српската пејачка Сека Алексиќ го прослави 8. роденден на синот Јаков во семејната вила во Стара Пазова.

Сека му приреди гала прослава на наследникот, со мотиви инспирирани од Јутјуб.

Малиот Јаков имаше три роденденски торти, мафини, огромни балони, а пејачката направи мал забавен парк во кој и самата играше за време на прославата.

Гордата мама ги објавила деталите од прославата на својот инстаграм-профил, а сите се расплакале.

Пејачката неодамна откри дека е наклонета кон тоа Јаков да биде ѕвезда на Јутјуб.

„Тоа е најголемата радост. Родендените веќе ги заборавивме, веќе не ги ни очекуваме, само чекаме подароци. Јаков сакаше синџир околу вратот. Тој смета дека е рапер и тоа не треба да му се негира. Морав да му купам машки за да не ги носи моите ѓердани. Сакаше да носи синџир преку дуксер за на училиште, па му реков дека не е убаво. Имам сè за тој да биде ѕвезда на Јутјуб. Се шета сам по дома и се снима. Ќе го поддржам во тоа“, вели Сека АЛЕКСИЌ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SEKA ALEKSIĆ (@seka_aleksic)

Слични објави

Грчкиот пејач искрено откри: Едита Арадиновиќ ме остава без здив

Еспресо

„Беше ироничен“ – Луна Ѓогани повторно проговори за Слоба Радановиќ

E.A.

(Видео) Ивона Јо: Ми отстранија 11 килограми кожа, немам веќе болки

msp-admin

(Фото) Среќна баба: Кате од „Нели ти реков“ ги покажа внуките

apostolova

Хороскоп за 8 април: Близнаците носат одлука што менува тек, Девиците конечно се ослободуваат од дилема

apostolova

Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, Атина, го оперирала носот?

Еспресо
Се вчитува....