03:06 - 8 април, 2026

ВИДЕО | „Не ме импресионираш многу“: Шанаја Твејн му го честиташе роденденот на Бред Пит и потсети на песната во која се спомнува токму тој

Канадската кантри пејачка и кантавторска Шанаја Твејн во петокот на Бред Пит му го честитала роденденот и на тој начин потсетила на нејзиниот легендарен хит од 1998 година „That Don’t Impress Me Much” во кој го спомнуваше познатиот глумец, пеејќи:

Добро, ти си Бред Пит. Тоа многу не ме импресионира. Имаш изглед, ама имаш ли допир? Немој погрешно да ме сфатиш, мислам дека си ОК, ама тоа ноќе нема да ме грее…“, пееше Шанаја.

Шанаја во разговор за Билборд во 2017 објасни зошто го избрала Пит за песната.

Се сеќавам дека пријателка ми дојде во посета за Божиќ додека го снимав албумот Come On Over. Пишував песни и тогаш изби скандалот со Бред Пит и Гвинет Палтроу, кога беа објавени фотографии на кои беше гол“.

Тогаш сите зборувале за тие фотографии, но нејзе не ѝ било баш јасно зошто предизвикале толкаво внимание.

Мислев, тоа баш и не ме импресионира, зошто толкава збрка. Голи луѓе гледаме секој ден“, рекла Шанаја додавајќи дека не сакала да го навреди Пит, туку ја коментирала опседнатоста на јавноста со голотијата, а Бред Пит тогаш бил во фокусот на јавноста.

Profimedia

„Среќен роденден на Бред Пит, денес ќе направам исклучок“, се пошегува сега таа на Твитер, додавајќи емотикон со виртуелен бакнеж.

Корисниците на Твитер ја препознаа смислата за хумор на канадската пејачка и ја наградија со 60.000 лајкови.

Слични објави

Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, Атина, го оперирала носот?

Еспресо

Хрватската пејачка Лана Јуричевиќ повторно стана мајка: „Ни пристигна најслаткото велигденско пиле“

Еспресо

Изјавата на Дивна за бракот на Карлеуша и Душко Тошиќ повторно е главна тема во јавноста

E.A.

Чолиќ среде концерт ја здогледа првата љубов и веднаш ѝ пристапи – неговиот гест е главна тема на денот

E.A.

(Видео) Весна Змијанац во невидено издание – пие, пуши и седи за време на настап!

Еспресо

Погледнете како Јована Јоксимовиќ навистина се однесува со вработените

E.A.
Се вчитува....