00:21 - 8 април, 2026

(Видео) Лепа Брена расплакана на сцена за Саша Поповиќ: „Не можам да ги задржам емоциите!“

Една од најголемите ѕвезди на Балканот, Лепа Брена, не можеше да ги сопре солзите на спектаклот што го одржа во Љубљана! Публиката во Арената „Стожице“ беше сведок на еден од најемотивните моменти во нејзината кариера, кога пејачката ја отвори вечерта со Уѓи слободно, додека илјадници фанови ја пееја заедно со неа.

Но, вечерта доби уште посилна емотивна нота кога Брена зборуваше за својот покоен пријател и колега Саша Поповиќ. Со солзи во очите, таа откри колку ѝ е тешко да ги задржи чувствата.

„Но, пред неколку дена се случи нешто навистина неочекувано. Изгубив пријател кој замина ненадејно“, рече таа, едвај изговарајќи ги зборовите.

Салата беше во молк, а потоа сè одекна од емоции кога Брена ја запеа баладата Болиш и не пролазиш во негова чест.

Вечерта дополнително ја разгореа и настапите на Дара Бубамара и словенечката сензација Сенидах, која ја „запали“ атмосферата со своите хитови.

На крајот, Брена им се обрати на фановите: „Вие вечерва сте лек за мојата душа, за моето срце“, оставајќи ги присутните во еуфорија!

@extrafm 😭❤️ #lepabrena #arenastozice #ljubljana ♬ original sound – Extra FM

Слични објави

Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, Атина, го оперирала носот?

Еспресо

Хрватската пејачка Лана Јуричевиќ повторно стана мајка: „Ни пристигна најслаткото велигденско пиле“

Еспресо

Изјавата на Дивна за бракот на Карлеуша и Душко Тошиќ повторно е главна тема во јавноста

E.A.

Чолиќ среде концерт ја здогледа првата љубов и веднаш ѝ пристапи – неговиот гест е главна тема на денот

E.A.

(Видео) Весна Змијанац во невидено издание – пие, пуши и седи за време на настап!

Еспресо

Погледнете како Јована Јоксимовиќ навистина се однесува со вработените

E.A.
Се вчитува....