19:56 - 7 април, 2026

Теа Таировиќ на свадбата повикала само две колешки од естрадата: Имала голема молба до блиските луѓе

Деновиве многу се зборува за свадбата на Теа Таировиќ, која решила да стави крај на девојачкиот живот и да се заколне на верност на својот долгогодишен избраник Иван. Според информациите на српските медиуми, свадбата е планирана за четврток, 24 април.

Венчавката ќе се одржи во строга тајност, во нејзиниот роден Нови Сад, а Теа повикала само најблиски роднини, пријатели и одбрани колеги, меѓу кои се Сања Вучиќ и Барбара Бобак.

Теа Таировиќ од самиот почеток на својата кариера се труди да го чува својот приватен живот подалеку од очите на јавноста, па токму затоа одлучила нејзината свадба да помине без голема врева.

Месеците наназад ги организирала сите подготовки во најголема тајност и ги замолила блиските да не откриваат никакви детали.

Пред емотивниот чин, Теа заедно со својот партнер отпатувала во Дубаи, каде што имала закажан настап, а потоа неколку дена заедно одмарале. Потоа се вратиле во Белград за да ги завршат последните подготовки пред големиот ден.

Да потсетиме, Теа Таировиќ е во врска со Иван околу две години.

Слични објави

(Фото) Северина го прослави Велигден во свилени пижами од 1.080 евра и мокасини од „Гучи“

Еспресо

Целта на Артемис 2 е трајно присуство на човекот на Месечината – што би значело тоа за човечкото тело?

Т.Ц.

Елеганцијата започнува во „Капитол“ – одберете стил што се памети за незаборавна матурска вечер

Еспресо

Телевизија Пинк објави кога Зорица Брунцлик ќе се врати во „Ѕвездите на Пинк“

Еспресо

Велигденска чоколадна торта

Т.Ц.

10 необични велигденски обичаи од светот за кои веројатно никогаш не сте слушнале

Т.Ц.
Се вчитува....