11:13 - 8 април, 2026

„Се допишуваше со еден маж и…“: Кристина откри што нашла во пораките на Кристијан

Во најновото издание на емисијата „Магазин Ин“, водителката Сања Маринковиќ ги угости Кристина Спалевиќ, Марина Висковиќ, Лепа Лукиќ, Стефан Кариќ и Драган Маринковиќ Маца. Тема на разговор беа машко-женските односи, љубовта, славата и животот под лупата на јавноста.

Кристина Спалевиќ отворено проговори за тоа како го следи телефонот и социјалните мрежи на својот сопруг Кристијан, но и што сè пронашла таму – што, според неа, било вистински шокантно.

– Не се работи за неверство, но што видов … Јас од редовно го следам неговиот телефон. Не сакам да ја нарушам неговата приватност, но кога му е исклучен звукот, јас го наоѓам телефонот. Инаку, нема потреба – Кристијан без мене не оди ниту до продавница, а вратата од тоалетот ни е отворена – започна Кристина.

Таа објасни дека уште на почетокот од врската имала пристап до неговите профили:

– Кристијан сам ми ги даде лозинките. Шокантно беше, но бев фер – по седум дена се одјавив. Но, видов дека се допишувал со еден маж и му ја раскажувал својата верзија од некоја приказна. Јас го читав тоа и се нервирав – тоа не беше вистина. Во еден момент, од неговиот профил напишав: „Лажеш, срам да ти е“ и испратив гласовна порака: „Срам да ти е што така зборуваш со човеков“. Дечкото исчезна од мрежите потоа – раскажа таа.

Кристина додаде и дека 90 отсто од пораките што Кристијан ги добивал биле од постари жени кои го поддржувале нивниот брак, но имало и други:

– Имаше и такви што му пишуваа дека треба да си најде подобра и помлада. Имаше и девојчиња, и зафатени жени што му пишуваа – рече таа.

– Никогаш не сум се сомневала во неверство. Мажот мора да биде сит и уморен за да биде верен – па вие протолкувајте си сами – заклучи Кристина Спалевиќ со нејзиниот препознатлив, брутално искрен стил.

 

Слични објави

Грчкиот пејач искрено откри: Едита Арадиновиќ ме остава без здив

Еспресо

„Беше ироничен“ – Луна Ѓогани повторно проговори за Слоба Радановиќ

E.A.

(Видео) Ивона Јо: Ми отстранија 11 килограми кожа, немам веќе болки

msp-admin

(Фото) Среќна баба: Кате од „Нели ти реков“ ги покажа внуките

apostolova

Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, Атина, го оперирала носот?

Еспресо

Хрватската пејачка Лана Јуричевиќ повторно стана мајка: „Ни пристигна најслаткото велигденско пиле“

Еспресо
Се вчитува....