3.8 C
Скопје
02:15 - 17 март, 2026

„Плачев, ми дадоа лек за смирување…“: Лепа Брена проговори за ноќта кога си ја скрши ногата

Балканската ѕвезда Лепа Брена го даде првото интервју по страшната повреда со која се здоби на концертот во Загреб, кога снимател падна врз неа и тешко ја повреди.

Таа истакнува дека цврсто сака да го заборави тој кобен инцидент во Загреб, но дека никогаш нема да успее да го направи тоа.

„Сакам да го заборавам, но никогаш нема да можам, концертот во Загреб, кога снимателот падна врз мене. Во моментот кога бев во најдобра физичка и психичка форма ми се случи една ваква непријатна работа и ми е неверојатно. Но, се помирив со фактот дека, како и многу работи досега, тоа е една од пречките во животот што морам да ги надминам и да учам.

Таа за првпат ги откри деталите од ноќта кога и била скршена ногата, истакнувајќи дека плачела и морала да се напие нешто за да се смири.

„Од шокот не можев да заспијам, само кога ми дадоа нешто да се напијам за да се смирам, успеав да ги затворам очите неколку часа.

Секако дека плачев, бев многу тажна, но сфатив дека, како и сè тешко што ми се случило во животот, така и на тоа му доаѓа крајот. Сфатив дека ќе станам и ќе одам и сè ќе биде во ред. и денес не можам да го гледам тоа видео затоа што ме расплакува – вели балканската музичка ѕвезда која веднаш по новогодишната ноќ отпатува на Малдиви со семејството, за да и биде што побрзо и поуспешно закрепнувањето од операцијата“, изјави таа за „Стори“.

Слични објави

Ѕвездите ве советуваат како да го изберете идеалниот партнер за вашиот хороскопски знак

Еспресо

„Добила до 1.000 евра за услуга“: Аца Лукас ги разобличи старлетите кои тврдат дека биле со него

E.A.

Јелена Томашевиќ првпат раскажа за моментот кога се сруши на концертот во Црна Гора: „Докторки од публиката ми помогнаа на сцената“

К. А.

„Ведра, весела и преталентирана“: Цеца со емоции се присети на Ксенија Пајчин

Еспресо

Работи зад кулисите и има моќни сојузници: Која е „ледената дама“ Сузи Вајлс, за која Трамп денеска објави дека има рак?

Еспресо

„Кожата ми се менува секој ден“: Едита Арадиновиќ искрено за бременоста

E.A.
Се вчитува....