01:48 - 8 април, 2026

Нова естрадна војна: Рада Манојловиќ застана во одбрана на Милица Павловиќ, а Карлеуша жестоко ја нападна!

Последниве денови, медиумите се преполни со вести за конфликтот меѓу Јелена Карлеуша и Милица Павловиќ, каде што Карлеуша жестоко ја критикува својата поранешна пријателка, додека Павловиќ останува без реакција. Ситуацијата дополнително се вжешти откако во целата приказна се вклучи и пејачката Рада Манојловиќ.

Карлеуша неодамна откри зошто престанала да ја следи Милица Павловиќ на социјалните мрежи, што предизвика вистинска бура од реакции.

Додека Павловиќ одлучи да не одговара на обвинувањата, Манојловиќ застана во нејзина одбрана, што дополнително го разгоре интересот околу овој медиумски конфликт.

„Поддршка за мојата Мици П. во овој медиумски линч, кој, како што гледам, штотуку започнува против неа. Не е фер од страна на медиумите, ниту е праведно да се очекува некој да влијае врз мислењето и однесувањето на полнолетни лица. Тоа не можеме ни со родителите, а камоли со нашите вработени… Дали можете на вашата мајка или татко нешто да им објасните ако си ставиле нешто в глава? Може да им се укаже, но не можете да се скарате со семејството или да прекинете соработка со некој само затоа што има поинакво мислење“, напиша Манојловиќ на Икс, што предизвика бројни позитивни реакции.

Откако нејзиниот инстаграм-профил беше исклучен, Јелена Карлеуша се врати на Икс и со провокативен тон изјави: „Се вратив на Икс за Рада Манојловиќ да не биде највлијателната личност тука“.

Слични објави

Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, Атина, го оперирала носот?

Еспресо

Хрватската пејачка Лана Јуричевиќ повторно стана мајка: „Ни пристигна најслаткото велигденско пиле“

Еспресо

Изјавата на Дивна за бракот на Карлеуша и Душко Тошиќ повторно е главна тема во јавноста

E.A.

Чолиќ среде концерт ја здогледа првата љубов и веднаш ѝ пристапи – неговиот гест е главна тема на денот

E.A.

(Видео) Весна Змијанац во невидено издание – пие, пуши и седи за време на настап!

Еспресо

Погледнете како Јована Јоксимовиќ навистина се однесува со вработените

E.A.
Се вчитува....