Хрватската водителка Николина Пишек и понатаму на достоинствен и емотивен начин го негува споменот на својот покоен сопруг Видоје Ристовиќ, чија ненадејна смрт ја потресе јавноста во целиот регион.
Иако поминаа четири години од неговото заминување, болката не избледе. Напротив, Пишек и од далечина се грижи неговото почивалиште секогаш да биде уредно и украсено со свежо цвеќе.
Според информации, водителката редовно испраќа цветни аранжмани, внимателно одбрани, најчесто во нежни и елегантни комбинации кои симболизираат љубов, почит и вечен спомен. Со овој гест, таа покажува дека сеќавањето на сопругот, со кого делела дел од својот живот, и натаму има посебно место во нејзиното секојдневие.
Тоа го потврдува и вработен на гробиштата, кого медиумите неодамна го затекнале на терен.
„Семејството редовно доаѓа и го посетува гробот. Сопругата испраќа цвеќе, доставувачите го носат и убаво го уредуваат, така прават многумина“, изјавил тој.
Посетителите на гробиштата сведочат дека гробот секогаш е уреден, со свежо цвеќе кое јасно зборува за грижа и љубов што не згаснува. Токму овие тивки, но значајни гестови ја откриваат длабочината на емоциите што Николина Пишек и понатаму ги носи во себе.
