20:05 - 7 април, 2026

Милош Биковиќ го прослави Велигден во Белград: Семејна идила со сопругата и синот

Српскиот актер Милош Биковиќ годинашниот Велигден го помина во Белград, во кругот на најблиските – со сопругата Ивана Малиќ и нивниот син Василије. Иако семејството живее на релација Србија-Русија, празничните денови решиле да ги поминат во српската престолнина, во мир и љубов.

На својот профил на Инстаграм, Биковиќ сподели неколку нежни и топли семејни фотографии што ги разнежија неговите следбеници. На една од нив, малиот Василије седи на рамената на татко му додека заедно шетаат низ белградските улици, а на друга Ивана со насмевка го набљудува синот како си игра покрај реката.

Посебен момент бил забележан кога детето се заинтересирало за куче што им пришло, а Милош внимателно и со љубов го фотографирал секој миг.

Покрај фотографиите што зрачат со топлина и блискост, актерот испрати и искрена празнична порака:

„Христос воскресе! Мир, љубов и здравје за сите!“

Фото: Инстаграм/Милош Биковиќ
Фото: Инстаграм/Милош Биковиќ
Фото: Инстаграм/Милош Биковиќ

Слични објави

Погледнете како Јована Јоксимовиќ навистина се однесува со вработените

E.A.

(Фото) Северина го прослави Велигден во свилени пижами од 1.080 евра и мокасини од „Гучи“

Еспресо

Целта на Артемис 2 е трајно присуство на човекот на Месечината – што би значело тоа за човечкото тело?

Т.Ц.

Елеганцијата започнува во „Капитол“ – одберете стил што се памети за незаборавна матурска вечер

Еспресо

Телевизија Пинк објави кога Зорица Брунцлик ќе се врати во „Ѕвездите на Пинк“

Еспресо

Велигденска чоколадна торта

Т.Ц.
Се вчитува....