00:41 - 8 април, 2026

(Фото) Ќерката на Ацо Пејовиќ е докторка по пластична медицина: Заврши како најдобар студент, а и убава е како кукла!

Познатиот пејач Аца Пејовиќ со години успева да го држи својот приватен живот далеку од очите на јавноста. Сепак, познато е дека со сопругата Билјана има три ќерки – Магдалена, Марија и Ива, кои не тргнале по неговите чекори, туку избрале различни професии.

Најстарата ќерка, Магдалена, завршила на Факултетот за организациони науки (ФОН), додека средната, Марија, дипломирала на Медицинскиот факултет во Белград како една од најдобрите студенти.

Фото: Инстаграм/Марија Пејовиќ

На нејзиниот Инстаграм-профил стои дека е специјализант по пластична, реконструктивна и естетска хирургија. Покрај личниот профил, таа има и професионален профил каде што објавува информации за својата работа и резултати од естетската хирургија.

„Ме направи најгорд татко на светот. Всушност, сите три ќерки секој ден ме прават горд. Билјана и јас сме благодарни на Бог што израснаа во вакви луѓе. Морам да признаам дека направивме одлична родителска работа.“

Фото: Инстаграм/Марија Пејовиќ

„Семејството е мојата тврдина. Тие четири се моето сидро, но и моето едро, мотор и двигатели на сè. Целиот успех за кој зборувате не би бил можен без нивната поддршка и гласот на разумот“, изјавил Пејовиќ во една прилика.

Слични објави

Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, Атина, го оперирала носот?

Еспресо

Хрватската пејачка Лана Јуричевиќ повторно стана мајка: „Ни пристигна најслаткото велигденско пиле“

Еспресо

Изјавата на Дивна за бракот на Карлеуша и Душко Тошиќ повторно е главна тема во јавноста

E.A.

Чолиќ среде концерт ја здогледа првата љубов и веднаш ѝ пристапи – неговиот гест е главна тема на денот

E.A.

(Видео) Весна Змијанац во невидено издание – пие, пуши и седи за време на настап!

Еспресо

Погледнете како Јована Јоксимовиќ навистина се однесува со вработените

E.A.
Се вчитува....