Пејачката Весна Змијанац откри дека своевремено во дует со Оливер Мандиќ ја отпеала песната „Злато, среќан пут“, која на крајот завршила кај Светлана Цеца Ражнатовиќ.
Весна истакна дека Мандиќ ѝ ветил дека нивната верзија сепак ќе ја види светлината на денот.
„Јас ја отпеав таа песна, сега кога се сетам, се воодушевувам колку тоа беше добро. А потоа ми ја земаа песната. Оливер, секогаш кога ќе ме сретне, ми ветува дека ќе ја пушти нашата верзија, но тоа никогаш не се случи. Зошто? Прашајте го него, и јас би сакала повторно да ја чујам“, рече Весна за Курир.
Споменатата песна три години подоцна ја објави Цеца на својот албум „Фатална љубав“. Веќе и птиците на гранка знаат дека неколку песни, кои биле напишани за Весна, подоцна ги отпеала Цеца, како „Кукавица“ и „Иди док си млад“. Весна своевремено признала дека и песната „Београд“ од Мерлин првично била наменета за неа, пишува „Информер“.
Една од најголемите евергрин-песни на Цеца Ражнатовиќ, „Иди док си млад“, требало да ја сними Весна Змијанац, која потоа ја откри вистината.
Имено, веќе со години кружи приказна за песната што Цеца ја снимила во својата 22. година, а која ја искачи на самиот врв. Весна, гостувајќи во шоуто на Амиџи, раскажа дека нејзиниот тогашен партнер бил многу љубоморен, бидејќи во песната се спомнува помлад маж.
„Песната ‘Иди док си млад’ беше напишана за мене, но одбив да ја отпеам поради тогашниот дечко, кој се сомневаше дека го изневерувам со помлад, поради зборовите во песната“, рече Весна.
„Дали е тоа вистина?“, ја праша Огњен, а Весна без задршка призна: „Вистина е, да. Цеца тогаш беше сосема млада, и пее некому ‘иди додека си млад’… Мене ми беше забрането да ја снимам таа песна, бидејќи тоа според текстот се однесуваше на некој што е млад, а овој господин не беше баш млад – и така“, откри Весна.
Инаку, Цеца своевремено откри како песната стигнала до неа:
„Весна Змијанац требаше да ја сними песната ‘Иди док си млад’. Меѓутоа, не ѝ се допадна текстот, но ѝ се допадна мелодијата. Баш тогаш со сестра ми Лидија отидовме кај Марина Туцаковиќ да преслушаме нови песни. Весна не ја отпеа таа песна, а јас веднаш на прво слушање ја прифатив. Само реков: ‘Тоа е тоа’“, рекла Цеца во едно интервју.