8.8 C
Скопје
15:53 - 4 февруари, 2025

Иако се соблече гола: Бјанка Ценсори нема да добие казна за скандалот на Греми

Архитектката Бјанка Ценсори, сопругата на раперот Канје Вест, предизвика вистински шок со својот моден избор на годинашното доделување на музичките награди Греми. Таа се појави на црвениот тепих во проѕирен фустан, под кој беше целосно гола, поради што набрзо беше отстранета од настанот.

По овој скандалозен момент пред фотографите, многумина почнаа да шпекулираат дека Ценсори би можела да добие парична казна. Сепак, според „Пејџ сикс“, тоа нема да се случи.

Полициски извори од Лос Анџелес изјавиле дека никој од присутните официјално не се пожалил на нејзиниот стајлинг. Тие нагласиле и дека станува збор за приватен настан.

„Иако облеката на госпоѓа Ценсори недвосмислено ги премина границите, според законите во Калифорнија, обвиненијата за непристојно изложување бараат намерно и јавно покажување на гениталиите со цел некого да навреди или сексуално да возбуди. Теоретски е можно, но малку веројатно е дека ќе се соочи со каков било кривичен прогон поради овој инцидент“, изјавила адвокатката Андреа Агунтула.

Додека Ценсори, веројатно, нема да биде казнета за проѕирниот фустан, нејзиниот сопруг би можел да се соочи со други последици. Според „Дејли мејл“, поради случката на Греми тој би можел да остане без меѓународен концертен договор вреден 20 милиони долари.

Раперот требаше да одржи два концерта на стадионот „Токио доум“ во мај, но по Греми, неговите јапонски инвеститори почнале да се премислуваат.

„Инвеститорите во Јапонија кои го поддржуваат концертот се длабоко вознемирени поради ова. Многу е веројатно дека нема да ги финансираат настапите“, изјавил извор за медиумите.

Тој додал дека појавувањето на парот на црвениот тепих во Јапонија било дочекано со „ужас“ и го опишал како „неверојатно морничаво“.

Изворот исто така објаснил дека однесувањето на Кание се смета за „чин на присилна контрола, што е крајно неприфатливо“.

„Потполно погрешно ја процени јапонската култура и нивната толеранција кон вакви активности. Едноставно, повеќе не е добредојден“, нагласил тој.

Инаку, Канје Вест на наградите Греми се појави во едноставна, целосно црна комбинација, додека Бјанка Ценсори влезе во салата носејќи црн капут. По краткото позирање пред камерите, според читачите на усни, Вест ѝ рекол „направи сцена“, по што Ценсори го соблекла капутот. Прво го покажала задниот дел од својот стајлинг, а потоа се завртела, откривајќи дека под фустанот не носи ништо.

По доделувањето на наградите, парот се упатил на забава, каде што Ценсори повторно се одлучила за проѕирен аутфит. Овој пат носела црно проѕирно боди, под кој исто така немала ништо. За време на забавата, тие не ги тргале рацете еден од друг, разменувале бакнежи, а во еден момент Вест ја фатил својата сопруга за задникот. Судејќи според фотографиите, изгледа дека воопшто не им пречело што претходно биле избркани од престижниот настан.

Слични објави

(Фото) Ќерката на Борко Ристовски наполни две години, малечката Анастасија модно усогласена со мајка ѝ

apostolova

(Фото) Се појави фотографија од првото момче на Лепа Брена? Тајно биле снимени во Дубровник, а откриен е успешниот бизнисмен

Еспресо

Водителот на „Ѕвездите на Гранд“ проговори за Саша Поповиќ: „Се слушнавме пред еден месец, мислам дека…“

Еспресо

(Видео) Ќерката на Здравко Чолиќ за првпат фатена со дечко: Ова се деталите за мистериозниот партнер на Уна Чолиќ

Еспресо

Јелена Розга ќе се мажи: Долго време го чекаше вистинскиот, а сега ќе му каже „да“ на синот на Тончи Хуљиќ

Еспресо

Овој датум ѝ го промени животот на Лепа Брена: „Изгледаше како шега, но бргу стана…“

Еспресо
Се вчитува....