Пејачката Лана Јурчевиќ и нејзиниот партнер Филип добија второ дете! Среќната вест музичарката ја сподели на Инстаграм, откривајќи дека девојчето пристигнало на Велигден.
„Ни пристигна најслаткото велигденско пиле токму на Велигден“, напиша Јурчевиќ покрај фотографиите направени во родилиштето.
View this post on Instagram
Во објавата откри дека ќерката ја именувале Мели и дека е родена во 23:11 часот, тешка 3.940 грама и долга 52 сантиметри.
Во коментарите ѝ се јавија бројни пријатели и следбеници, упатувајќи ѝ честитки за приновата.
Лана и Филип се заедно од 2017 година, а деталите од нивната врска ретко ги споделуваат во јавноста. Пред две години ја добија ќерката Мејла Лили, а во ноември минатата година пејачката откри дека го очекуваат и второто дете. Тогаш сподели видео од позитивен тест за бременост со зборовите: „Дел од мене. Втор дел. Изненадување“.
