17:03 - 8 април, 2026

(Фото) Празнична еуфорија во домот на Викторија Лоба: Пејачката покажа како ја украсила новогодишната елка

Полека, но сигурно почнува да се насетува празничната еуфорија и секој од нас веќе почнува да размислува за тоа како ќе го украси домот пред дочекот на новата година и за прославата на божиќните празници.

Викторија Лоба е една од првите македонски познати личности која ни ја покажа својата новогодишна елка и за момент нѐ внесе во нејзиниот дом, барем преку фотографија на социјалната мрежа Инстаграм.

„Да се запази трендот. Ми остана да докупам уште неколку големи лампиони“, напиша Лоба на фотографијата.

Оваа година, пејачката се одлучила за природна елка, која ја накитила со црвени украси и златни светилки.

Патем, Лоба отсекогаш потенцирала дека овој празничен период ѝ е најрадосен во годината.

„Новогодишните празници сѐ уште ја имаат таа магија од моето детство, затоа едвај чекам да дојде оваа сезона на забава и нови почетоци. Во Русија за Нова година многу често луѓето се маскираат, едни на други си подаруваат подароци што ги оставаат под елката. Во моето семејство секогаш велевме како ќе ја дочекаме Новата година таква таа и ќе ни биде, затоа новогодишната ноќ секогаш беше најрадосен празник за нас“, изјави таа за „Независен“ пред неколку години.

Слични објави

Велигденски хит – рачно изработени свеќи што ќе ви го разубават домот

Еспресо

Јанг Дади се отвори за тешкиот период: Ме игнорираа

msp-admin

(Фото) Жељко Бебек прослави 24 години брак со својата 34 години помлада сопруга: „Тоа нешто наше“

Еспресо

На Здравко Чолиќ ќе му врачат димпломатски пасош на Босна и Херцеговина

Еспресо

(Фото) Многу си личат: Ова е сестрата на Бојана Скендеровски

msp-admin

Мис Бугарија Венцислава Тафкова ја откри тајната за нејзиното убаво лице

apostolova
Се вчитува....