03:30 - 8 април, 2026

(Фото) Бизарно: Ќерките на Џин Хекман насмеани на појадок еден ден по неговата смрт

По веста за смртта на легендарниот холивудски актер Џин Хекман, неговата сопруга и нивното куче, целата јавност е во неверување. Официјалната причина за смртта сè уште не е позната, а сега сите се шокирани од потегот на неговите ќерки.

Имено, тие биле фатени на појадок ден по смртта на нивниот татко, а едната признала дека не разговарале со него со месеци.

Папараците во четвртокот ги фотографирале неговите ќерки Елизабет и Лесли како влегуваат во ресторанот „Денис“. Сестрите, кои тврделе дека нивниот татко бил во добра здравствена состојба пред неговата смрт, не изгледале посебно вознемирени на фотографиите.

 


Напротив, Елизабет и Лесли беа видени како насмеани излегле од нивниот сив автомобил и влегле во ресторан во Бурбенк, Калифорнија. Фотографиите се појавија по објавата за смртта на нивниот татко и изјавата на Лесли за „Дејли мејл“ во четвртокот дека семејството сè уште чека информации за причината за смртта на нивниот татко.

Имено, 59-годишната Лесли изјавила дека семејството сè уште го обработува она што се случило, бидејќи „немало индиции за никакви проблеми“ со нејзиниот татко пред неговата смрт.

„И покрај неговите години, тој беше во многу добра физичка кондиција“, открила таа и додала дека нејзиниот татко во изминатите неколку месеци немал поголеми операции.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by People Magazine (@people)


Лесли и Елизабет можат само да шпекулираат дека нивниот татко и маќеата Бетси можеби починале од вдишување токсични испарувања од истекување на јаглерод диоксид, објави „Дејли мејл“. Меѓутоа, прелиминарната обдукцијата покажа дека тие не починале од вдишување отровни испарувања.

Слични објави

Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, Атина, го оперирала носот?

Еспресо

Хрватската пејачка Лана Јуричевиќ повторно стана мајка: „Ни пристигна најслаткото велигденско пиле“

Еспресо

Изјавата на Дивна за бракот на Карлеуша и Душко Тошиќ повторно е главна тема во јавноста

E.A.

Чолиќ среде концерт ја здогледа првата љубов и веднаш ѝ пристапи – неговиот гест е главна тема на денот

E.A.

(Видео) Весна Змијанац во невидено издание – пие, пуши и седи за време на настап!

Еспресо

Погледнете како Јована Јоксимовиќ навистина се однесува со вработените

E.A.
Се вчитува....