04:22 - 19 декември, 2025

Легендарната Ева Рас за користењето дрога: „Бев на кокаин, не можев ниту да јадам, ниту да пијам“

Познатата актерка Ева Рас, која важи за личност со остар јазик, неодамна отворено проговори за својата борба со наркотиците.

Таа ја откри вистината за нејзиното искуство со дрогата и призна дека на почетокот користењето на недозволени супстанции го сметала за нешто безопасно.

– Мојот прв сопруг, со кого бев во брак додека студирав на Факултетот за драмски уметности, се дрогираше. Не знаев за тоа додека бевме во врска, дознав дури кога се венчавме. Во шеесеттите години наркомани ги нарекувавме само оние што се лекуваа од зависност, а не и оние што ја користеа дрогата. Поради тоа, многумина мислеа дека дрогирањето не е ништо страшно – раскажа Ева Рас и откри како дошло до тоа првпат да проба дрога.

– Сопругот никогаш не ме наговоруваше на тоа. Но, дрогата постојано беше присутна во станот, гледав како ја користи. Еден ден му реков дека и јас сакам да пробам. Ми одговори дека не сака да биде сведок на тоа и дека можам да го направам додека не е дома. Така и сторив. Вшмркав тој прав – беше кокаин. Имав 20 години кога првпат пробав дрога.

Актерката раскажа дека по консумирањето на наркотикот, изгубила контрола врз себе и со денови не јадела, ниту спиела.

– Кога ќе се надрогирав, мислев дека можам да поминам низ ѕид! Ги допирав ѕидовите и ми се чинеа меки. Тој чуден сензационален ефект во мојата глава траеше со денови. Два дена не јадев, не пиев, не спиев, ниту пак имав физиолошки потреби. Кога ќе ги затворев очите, гледав страшни привиденија. Тоа беше ужасно! Повраќав од психичка гадење, бидејќи се изгубив себеси во сето тоа. Поминаа недели додека не дојдов при себе. Кога сфатив дека цврсто стојам на земја и дека ѕидот не е мек, знаев дека сум добро.

Таа откри дека по овој период се развела од првиот сопруг и се откажала од наркотиците.

– Не сакам да зборувам за него и да откривам кој е. Тој има свој живот и немам право да му го загорчувам. Не само нему, туку и на неговите деца и внуци – заклучи актерката

Слични објави

(Фото) Посебен ден и јубилеј: Голема прослава во домот на Вики Миљковиќ

E.A.

(Фото) И таа дои бебе: Лејди Гага целосно ја ископира Јелена Карлеуша!

Еспресо

(Видео) Илда Шаулиќ направи голема промена која ја изненади публиката

E.A.

Дечкото на Сања Маринковиќ ја пронашол крвава во бањата: Водителката раскажа потресни детали, интервенирала и брзата помош

E.A.

Случајна минувачка шокирана од однесувањето на Верица Ракочевиќ, се огласи и модната креаторка: „Веројатно мислеше дека сум полудела“

E.A.

Десингерица завршил со работите на улица, сопругата го избркала од дома

Еспресо
Се вчитува....