19:59 - 7 април, 2026

Беше секс симбол на Југославија: Марина од „Денис и Денис“ откри како ја гледа својата слава денес

Марина Перазиќ, една од најсексапилните пејачки на поранешна Југославија, откри дека и покрај славата и атрактивниот имиџ, дипломата од градежниот факултет ѝ била далеку поважна од надворешниот изглед.

„Кога се појавив на сцената, не бев ни свесна колку сум убава. Тоа е нешто што Бог го дал, не сум го заслужила. Настапив во една емисија, отпеав песна со неколку воздиви и веднаш ме прогласија за секс симбол. А јас? Јас имам диплома – сум инженер по градежништво! Тоа ми беше навреда“, признала некогашната ѕвезда.

Иако со години беше во центарот на вниманието, Марина денес живее далеку од очите на јавноста. По животот во Америка со својот поранешен сопруг, тапанарот Иван Феце Фирчи, и нивните ќерки, накратко се појави во реалити шоуа во Хрватска и Србија, но никогаш не се врати на музичката сцена.

Интересно е што иако никогаш не биле официјално венчани, Марина и Фирчи беа еден од најпознатите парови на своето време – а по нивното разделување, во јавност излегоа многу валкани детали од нивниот заеднички живот.

Денес, Марина има 66 години, неодамна ја омажи ќерката, и ужива во приватноста. Но, за многумина таа и понатаму останува една од најубавите жени кои некогаш се појавиле на нашата сцена.

Слични објави

(Фото) Северина го прослави Велигден во свилени пижами од 1.080 евра и мокасини од „Гучи“

Еспресо

Целта на Артемис 2 е трајно присуство на човекот на Месечината – што би значело тоа за човечкото тело?

Т.Ц.

Елеганцијата започнува во „Капитол“ – одберете стил што се памети за незаборавна матурска вечер

Еспресо

Телевизија Пинк објави кога Зорица Брунцлик ќе се врати во „Ѕвездите на Пинк“

Еспресо

Велигденска чоколадна торта

Т.Ц.

10 необични велигденски обичаи од светот за кои веројатно никогаш не сте слушнале

Т.Ц.
Се вчитува....