9.8 C
Скопје
00:26 - 18 март, 2026

Успешен и моќен, а никој не знае со што се занимава: Откриено како сопругот на Сузана Манчиќ го стекнал богатството во Грција

Најпознатата „лото“ девојка на овие простори Сузана Манчиќ е во брак со грчкиот бизнисмен Симеон Отсомокос. Тие се венчаа во 2018 година, а оттогаш водителката живее на релација Белград и Атина.

Симеон Отсомокос е познат како бизнисмен, но многумина не знаат со што точно се занимава.

Симеон дипломирал право и економија на Универзитетот во Атина, а работел како експерт за комерција во американската амбасада во Атина. Бил и извршен директор на Американско-грчката стопанска комора, како и генерален секретар на деловните совети меѓу Грција и другите земји.

Од 1997 година е основач на СГТ, компанија за корпоративни комуникации, а потоа отворил и филијала во Белград – Tsomokos Group International (TGI), пишуваше српски претходно „Курир“.

Неколку години по пропаѓањето на првиот брак, Симеон стапил во емотивна врска со Сузана, а исто и како водителката има две ќерки.

И покрај тоа што ги делат километри, тоа не влијае на нивната љубов, а водителката во неколку наврати кажа дека функционираат феноменално на далечина.

„Тешко е да се пушти корен на оваа возраст. Да бев помлада, веројатно ќе бев таму. Меѓутоа, ова е мојата земја, а Белград е мојот град. Јас во Атина одам 20 години, имам пријатели таму, мојот сопруг. Мојата љубов. Но, јас и понатаму ќе бидам на линијата Атина-Белград и авиокомпаниите и понатаму ќе живеат добро од мене“, истакнала Сузана во емисијата „Кец на единаесет“.

Минатата година медиумите објавија дека парот купил куќа на Тара, која ќе биде нивна оаза во текот на престојот во Србија.

„Тоа е всушност мала куќа вредна околу 45.000 евра, ништо големо. Сакавме само да имаме свој мир на некоја парцела во планина. Планиравме да купиме такво нешто со години за да имаме каде да избегаме од градската врева кога тој ќе дојде во Србија, иако јас најчесто одам во Грција поради неговата работа.“

 

Слични објави

„Изгубив половина од себе“: Дарко Лазиќ сподели емотивен спомен за братот Драган

Еспресо

(Фото) Заведува неверни мажи, а потоа јавно ги разоткрива: „Ми се закануваат, но нема да запрам“

Еспресо

Сале Тропико се „исповеда“ за разводот со Јована Пајиќ: „Најмногу болеше разочарувањето…“

Еспресо

„Никој не сакаше да му купи карта за концерт“: Каќа Живковиќ го „исплука“ Тони Цетински

Еспресо

Ова била одлуката на судот! Ана Николиќ објави нови докази за разводот на Рале и неговата прва сопруга: Еве што се случи со имотот

Еспресо

Каде за продолжениот викенд? Ако немате идеја, ѕвездите имаат совет за секој хороскопски знак

Еспресо
Се вчитува....