17:58 - 25 февруари, 2026

2020 одлична за Селена Гомез: Ќе остане запаметена по нејзиниот хит„BLACKPINK“ кој го промовираше со бесплатен сладолед!

YouTube / Printscreen

Во новото интервју за списанието „Билборд“, Селена Гомез проговори за 2020 година која беше тешка за сите нас, но таа дефинитивно го извлече најдоброто од неа, барем за нејзината кариера.

И покрај пандемијата на коронавирусот, поп-ѕвездата, која покрај музичката кариера е одличен претприемач и актерка успеа да го извлече најдоброто од сè што оваа година и го овозможи. Таа се врати на музичката сцена со албумот „Rare“, беше ѕвезда на кулинарското шоу „Selena + Chef“ и ја лансираше колекцијата шминка „Rare Beauty“.

Иако во фокусот на написот е маркетингот и тимот кој работи за Селена, таа зборуваше и за музиката, пред се за соработката со групата „BLACKPINK“ на песната „Ice Cream“, која дебитираше на 13-тото место на списокот на топ 100 хитови.

„BLACKPINK“ се одличен бенд, нивниот албум е одличен и сметав дека ќе биде забавно да влезам во еден поинаков свет, па затоа не размислував многу дали да снимам со нив, изјави Селена.

YouTube / Printscreen
YouTube / Printscreen

– Синглот беше потполно различен од сè што снимав досега, но тоа беше поентата. Самата идеја за снимање нешто со доминантна женска група, за презентирање на нивната култура пред американската публика – и обратно – ми изгледаше совршено, објасни таа.

Синглот не беше успешен само на топ-листите, туку и за сладоледот „Serendipity“, кој е во ко-сопственост на Селена, претстави посебен вкус на сладолед, инспириран од песната, додека камионите за сладолед возеа низ Лос Анџелес, промовирајќи ја песната и споделувајќи сладолед.

Слични објави

Даниел Кајмакоски се врати на сцената по киднапирањето: Настапи на српската Песна за Евровизија

Еспресо

„Имав 19 абортуси“: Морничаво признание на српската ријалити ѕвезда Маја Маринковиќ

Е.А.

(Видео) Осумдесет и тригодишен маж заврши во видеоспот на Тејлор Свифт, без да знае која е таа

Еспресо

Ќерката на Аца Амадеус со страшно сведоштво за својот татко: „Не’ шишаеше и тепаше, а мајка ми ја тераше да се дрогира“

Е.А.

(Видео) Се огласи обвинителството по нападот на Бјелогрлиќ врз тиктокерот: Ќе ги преземе овие дејствија

Еспресо

(Фото) Игор Којиќ повторно во љубов со Хрватка: Убавата Николина беше мис, се занимаваше и со политика, а е двојно помлада од Северина

Еспресо
Се вчитува....