0.8 C
Скопје
22:59 - 18 декември, 2024

Дневен хороскоп за 6 мај: Дајте му време на времето и ќе ви покаже кој е вистинскиот пат за вас

Овен
На емотивно поле, тешко денеска ќе се ставите во положба на другата страна. Ќе се чувствувате фрустрирано, зашто ќе недостига разбирање. Имате чувство дека сѐ што ќе кажете, ќе биде сфатено погрешно. На професионално поле, секој ваш потег се мери исто како и на другите на работното место. Затоа немојте да мислите дека можете нешто да скриете.

Бик
Денес работите ќе се движат токму така како што сакате. Избегнувајте несигурни работни проекти, ако не сакате мал пад на поле кариера. Во љубовта сте директни и не правите компромиси. Сепак, ја имате вистинската стратегија за да го освоите срцето на вашиот партнер. Луѓето ќе уживаат во вашето друштво и време е одредени пријателски врски малку да ги зацврстите.

Близнаци
Добро се снаоѓате на деловно поле и задоволни сте со резултатите. Ве очекува многу добар период. Саканата личност е нежна и отворена кон вас и среќни сте затоа што имате добар однос со неа. Нервниот систем ви е чувствителен. Максимално сте посветени на обврските и работата, одговорни сте и важно ви е да решите некои проблеми. Доколку имате партнер, може да се надевате на одличен однос со него.

Рак
Денес ќе ви биде тешко да го одделите мислењето на луѓето од фактите, па патот кон вистината ќе ви биде отежнат. Пред да се одлучите на носење големи и важни одлуки, мора добро да се информирате или да почекате периодот на нејаснотија да помине. Важно е да не велите „да“ на ништо големо денес. Дајте му време на времето и ќе ви покаже кој е вистинскиот пат за вас. Со ладна глава носете одлуки.

Лав
Заедно со саканата личност денеска ќе ги поместувате сите граници. Толеранцијата и почитувањето ќе бидат на задоволително ниво. Вие сепак, одлучивте дека е вистинско време за правење компромиси. На професионално поле, веројатни се деловни контакти со партнери од странство. Добро ќе се снајдете во деловните предлози, ќе потпишете документ, договор од големо значење.

Девица
Ќе бидете огнени денес и авторитетни. Но, понекогаш да се биде смирен е најлесниот начин за да се преминат одредени препреки. Послушајте ги советите на професионално поле и остварете значајни врски. Потребата за независност нема да ви оди во прилог во љубовната врска. Не одвојувате доволно време за партнерот и околу вас правите мистична атмосфера, тоа го интригира

Вага
Можно е да успеете да остварите подобрување на работно поле. Наскоро следува унапредување. Ве очекуваат интересни случувања со симпатијата. Доаѓа време за почеток на врска. Одлично се чувствувате и добро сте расположени. Потребно е да се грижите за себе и да не го запоставувате вашиот физички изглед. Проблеми со стомакот. Внимавајте што јадете и пиете овој период.

Скорпија
Денес ќе ве иритираат луѓето кои не можат да ја видат големата слика и кои постојано за нешто ситничарат. Вие ќе бидете тотална спротивност на нив, успевајќи да се фокусирате на она што е навистина важно во животот. Исполнувањето на вашите најголеми соништа сега ќе ви делува реално. Само напред, направете го првиот смел чекор. Ве очекува добивка и напредок.

Стрелец
Ќе покажете слабост кон пријателите , поради кои ќе потрошите некој денар повеќе. Нека не ви биде жал , па дури и ако ви приговори партнерот. Љубовниот живот ќе ви донесе голема сатисфакција. На професионално поле, изгледа како сега сѐ да ви е сосема јасно. Денес ќе имате некој сериозен бизнис дијалог. Веќе нема никакви двоумења околу нешто што долго време сте го истражувале.

Јарец
Луѓето денес нема да можат да ве фрустрираат, независно што ви кажуваат. Умот ќе ви биде остар, па точно ќе знаете што вистина, а што не. Најубавото нешто што можете да го направите за себе е да се смеете и да бидете среќни. Можно е да почувствувате поголема потреба од вообичаено да излезете на свеж воздух. Внимавајте на килограмите, не само поради фигурата, туку и поради влијанието на здравјето.

Водолија
Малиот дисбаланс на емотивен план ќе биде поврзан со потребата за доминација. Но, тоа е минливо, а вашата врска е силна. Пред вас се поволни околности на деловно поле. Ќе се ослободите од некои дилеми кои ве мачат. Ви се допаѓа личност со која ќе имате интересни случувања. Подготвени сте подобро да ја запознаете. Водете сметка за циркулацијата.

Риби
На емотивно поле, ќе имате убави идеи и позитивен став, со што ќе придонесете кон подобрување на односите меѓу вас и партнерот. На професионално поле, искористете ги поволностите што ви се нудат и покажете што знаете. Немојте да бидете пасивни. Здравјето ви е чувствително на температурните промени. Не паничете, секоја кашлица не значи аларм за сериозна болест.

Слични објави

(Фото) Вељко Ражнатовиќ објави досега невидена семејна фотографија: Синот Жељко позира со стегнати мускули

Еспресо

(Фото) Иван Јованов воодушеви со празнична фотосесија со својата ќерка Ниа

Еспресо

Бресквица конечно откри како го добила прекарот: За сѐ била виновна една личност

Еспресо

(Видео) Цеца откри какви ѝ се плановите за Нова година, а нејзиниот коментар ги насмеа сите

Еспресо

(Видео) Светлечки ирваси и „ледена“ завеса: Домот на Карлеуша секогаш е еден од најубаво украсените

Еспресо

Интервју со проф. д-р Гордана Адамова, експерт по перинатологија: Вештачката интелигенција е од помош, но експертот го има последниот збор

Еспресо
Се вчитува....