22.8 C
Скопје
15:11 - 28 март, 2024

(ФОТО) ПАСИЈА КОН ЕГЗОТИЧНИТЕ МИЛЕНИЦИ: Дарио и Никола чуваат околу 200 тарантули и необични животинки

Дарио Стојановски и Никола Иванов се момци од Скопје кои веќе подолго време во своите домови чуваат тарантули и други егзотични миленичиња. Нивната колекција брои околу 200 тарантули, но и други необични животинки. Велат дека пасијата кон егзотичните миленици ги поврзала.

– Уште како мал ја користев секој прилика да истражувам, дали во природа дали во двор, на секое место каде што можев да истражувам. Дали беа тоа пајаци, гуштери, змии, за се што можев да прочитам за да знам. Тоа ми стана некој вид пасија, таа детска љубопитност прерасна во хоби да чуваме егзотични миленичиња, необични суштества, нешто што не е секојдневно – се смее Дарио.

Фото: Приватна архива

– Двајцата сакаме да истражуваме, токму таа наша љубов и љубопитност нас не доведе до тоа да станеме доста добри другари – додава Никола.

Тарантулите припаѓаат на стар и нов свет. Од нов се сите видови кои доаѓаат од Северна, Средна и Јужна Америка и имаат иритирачки влакна на абдоменот, а од стар се сите видови кои доаѓаат од останатиот дел од светот и имаат значително посилен отров.

-Тарантулите се пајаци, но не сите пајаци се тарантули. Припаѓаат на семејството „Terafoside“. Моментално има околу 48 000 опишани видови на пајаци, а 1500 видови припаѓаат на тарантулите. Тие се интересни и фасцинантни суштества, необични пајаци. Знаат да бидат вибрантни, во боја, имаат специфично однесување, најинтересни се за набљудување – вели Дарио.

Дарио и Никола / Фото: Приватна архива

– Тарантулите претставуваат миленичиња кои не се галат и не се приврзуваат за сопственикот. Тоа се миленичиња кои се наменети да се набљудуваат, а не допираат и држат.

При теренски истражувања често среќаваат несекојдневни суштества. Македонија има поволна клима и услови за постоење на интересни животни како што се голем број видови на пајаци, бумбари, богомолки, скорпии, стоногалки, змии, гуштери и многу други, но не и за тарантули.

– Во Македонија нема услови кои се потребни за живот на тарантулите, тие бараат потопли предели, не им одговара нашата континентална клима. Исто така бараат и соодветни живеалишта. Нјаблиску до нас каде што има тарантули е Грција, но гледано пошироко во Европа има многу малку мапирани места каде има вакви животинки – ни објаснува Никола.

Фото: Приватна архива

Пред купување на тарантула потребно е да направите истражување околу нејзините услови на чување, какво уредување треба да има терариумот, поточно какви карактеристики носи видот кој сакате да го чувате.

– Секој вид си бара свои услови за живеење зависно од каде потекнува и какво му е живеалиштето во природа. Уредувањето на терариумот треба да биде зависно дали тарантулата е терестријална или арбореална. Користиме кокосов тресет, кора и гранки од дрво, листови, мов. Во зависност од видот на тарантулата го уредуваме нејзиното живеалиште – вели Никола.

– Тарантулите се карнивори, односно се исхрануваат исклучиво со животни и инсекти. Пример: лебарки, штурци, црви и ларви, глувци, жаби, полжави, помали птици и останато… Ние избегнуваме да ги храниме со цицачи, водоземци или птици затоа што е непрактично од повеќе аспекти, а и сосема беспотребно. Како во природа, нивната диета се состои најмногу од инсекти, па така и ние главно користиме лебарки како основна исхрана – дополнува Дарио.

Фото: Приватна архива

Тарантулите се миленичиња кои не се галат и не се приврзуваат за сопственикот. Тоа се миленичиња кои се наменети да се набљудуваат, а не допираат и држат.

– Самите тарантули не сакаат да бидат држени и немаат никакви бенефити од човечка интеракција. Всушност, тоа за нив би било едно стресно искуство – ни објаснува Дарио. Филмовите, сериите и медиумите за тарантули дават лоша репутација. Тие се пајаците од кои што треба да бегаме.

-Во глобала тие се доста срамежливи, па при отворањето на терариумот знаат веднаш да се скријат во дувлата. Повеќе тие се плашат од нас и најпрво би избегале отколку да имаат контакт или интеракција со луѓе. Во случај кога се чувствуваат загрозено се прават / се местат во т.н. „одбранбена поза“ која лесно може да се препознае преку кренатите предни пара на нозе, покажувајќи ги забите – со порака „не се доближувај, касам“ – ни објаснува Дарио.

=Фото: Приватна архива

Фото: Приватна архива

– Ме имале бегство од терариум. Имаме терариуми кои сами ги имаме изработено. При изработувањето имавме пропуштено да затвориме неколку дупчиња на терариумот и на тој начин пајакот нашол како да излезе.По две недели криење низ дневната соба се имаше појавено кај вратата од терасата. Со пластична чашка го имавме покриено, а потоа со пластична цевка го насочивме да влезе во чашката за да можеме да го префрлиме во веќе поправениот терариум – за крај ни открива Никола.

Никола е графички дизајнер, работи како фриленсер на неколку платформи, а природата е таа на која секогаш и се враќа, а Дарио е студент во чтврта година на Институт за Географија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, а воедно и член на херпетолошката секција на Истражувачко друштво на студенти биолози (ИДСБ), дел од управниот одбор на Истражувачко здружение на студенти географи (ИЗСГ) „Природник“ и волонтер во Македонското еколошко друштво (МЕД).

Слични објави

(Фото+видео) Теодора Џехверовиќ првпат „уловена“ со новиот дечко: Пејачката ужива во љубовта со познат кошаркар

Еспресо

Прва објава на Тони Бијелиќ за разводот со Драгана и неговата љубовница: Отсекогаш сум бил чесен и достоинствен!

Еспресо

Богатството на Драгана Мирковиќ се проценува на 100 милиони! Од имотот, бизнисите и автомобилите на пејачката и Тони ќе ви се сврти во глава

Еспресо

„Официјално сум разведен“, Харис Џиновиќ излезе од суд и порача: Мелина е никаква, не простувам неверство!

еспресо

Големо изненадување: Пет хороскопски знаци кои ќе доживеат драстични промени во април

еспресо

(Фото) Саудиска Арабија за првпат на Мис Универзум: Оваа убавица го направи историскиот чекор

еспресо
Се вчитува....