25.8 C
Скопје
15:59 - 29 март, 2024

Трагичниот живот на принцезата Алис, свекрвата на кралицата Елизабета Втора (ВИДЕО)

Принцезата Алис била родена во 1885 година како Викторија Алис Елизабет Јулиа Мари. Нејзините претци биле од Батенберговата гранка на кралството. Вистина е дека била родена глува, но и неверојатно интелегентна. Таа до 8 година научила да чита од усни дури 3 јазика (англиски, германски и грчки).

Кога имала 17 години, присуствувала на крунисувањето на Едвард Седми во Лондон. Таму го запознала грчкиот принц Ендру, а тие се венчале веќе следната година на 6 октомври 1903 година. Живееле во Грчка, во кралската палата, а заедно имале 5 деца. Од 4-те ќерки, 3 од нив се венчале за нацисти, додека синот Филип бил најмладиот помеѓу сите. Животот им бил мирен, се додека не избиле балканските војни во 1912 година. Принцезата Алис веднаш се ангажирала да помага во болниците, ставала завои на ранетите и помагала да им се олеснат болките.

„Боже какви се работи видовме. Разнесени раце, отворени скршеници на нозе, глави, ходниците беа преполни со крв“, напишала таа во писмото за својата мајка.

Поради политичките немири во Европа, принцезата Алис и нејзиното семејство биле присилени да побегнат од земјата. Во тие моменти таа станала длабоко религиозна и се пренасочила кон грчката православна вера, пишува Washington Post. Но, кон крајот на 1920-те доживеала некоја врста на нервен слом, зборела на луѓето како разговара со Исус, тврдејќи дека со него дури и „кокетира“. Нејзиното семејство на почетокот било збунето, а потоа згрозено. Нејзината мајка рекла дека пати од „анемија на мозокот“, се наведува во документарецот „The Queen’s Mother in Law”.

Instagram

Спрема биографот на Алис, Хуг Викерс, буквално по неа дошле со автомобил во кој биле двајца мажи, тие ја внеле во автомобилот и ја однеле. Пратена била во санаториите во Берлин и Швајцарија. На крајот нејзиниот случај дошол до рацете на славниот доктор Сигмунд Фројд, кој заклучил дека влегла во состојба на лудост поради љубовната врска која не ја остварила порано во животот. За да ја „оладат“ и да ѝ го убијат либидото, одлучиле да ѝ предизвикаат привремена менопауза и поради тоа повеќе пати ренгенски ѝ ги снимале јајниците. Таа терапија секако не функционирала. Сепак, принцезата Алис на крајот го вратила својот здрав разум, но не благодарение на лекарите, туку на самата себе. Но, до тој момент таа била со години одвоена од своето семејство, а младиот Филип израснал без мајка, седејќи по куќите на различни роднини.

Netflix/Printscreen

„Бев на лечење 2 години, но фала Богу успеав да побегнам“, рекла таа подоцна.

Пред нејзиното бегање и била дијагностицирана шизофренија, а лечењето и се побизарните терапии биле спроведувани против нејзината волја, па често ги применувале врзувајќи ја и давајќи и седативи. Таа повторно се обединила со своето семејство во 1937 година на погребот за ќерката Сесилија, која починала во авионска несреќа. Филип тогаш 16-годишен, бил фотографиран како маршира во погребната поворка со мажите во нацистички униформи.

Не многу подоцна после тоа, Филип се придружил на морнарицата, а принцезата Алис се вратила во Грчка за да помага на болните и сиромашните. Со оглед на тоа дека Хитлер во 1943 година цврсто го стегал својот круг и околу Грчка, принцезата Алис еврејските припадници на своето семејство ги сокрила во својот стан во Атина. Семејството останало сокриено се додека Европа не била ослободена од нацистите. Во меѓувреме Филип го освоил срцето на принцезата Елизабета и парот се венчал на 20 ноември 1947 година. Тие двајца се всушност во сродство од трето колено.

Принцезата Алис присуствувала на венчавката, каде наводно длабоко ја импресионирала идната британска кралица. Со синот имала комплексен однос, и покрај тоа што од мило го викала „Бубикинс“, тој ѝ замерувал што не била присутна кога најмногу му била потребна. Неговиот татко, принцот Ендру никогаш не се развел од неа, но сепак ја оставил поради помладата љубовница и немал желба да се грижи за Филип. Но, на самото крунисување таа предизвикала шок појавувајќи се во облека на калуѓерка. Брзо после прославата се вратила во Грчка каде што ја дочекале нови неволји, односно воен пуч. До 1967 година нејзиното здравје пропаднало, а политичката ситуација се влошоила за грчкото кралско семејство. Принцезата продавала парче по парче од својот наследен накит за да го финансира станот во кој живеела, а кралицата го наговарала принцот Филип да ја повика неговата мајка да живее со нив во Бакингемската палата.

Таму таа ги поминала последните 2 години од својот живот, талкајќи низ ходниците во облека на калуѓерка и со цигара во раката. Алис починала во Бакингемската палата на 5 декември 1969 година. Иако била интернирана во кралската крипта во дворецот Виндзор, нејзините посмртни остатоци биле пренесени, по нејзина желба, во Руската православна црква Света Марија Магдалена во Ерусалим во 1988 година. Принцот Филип во 1993 година отпатувал таму на церемонијата за садење на дрва во нејзина чест.

Слични објави

Тронот на Монако може да го преземе сестрата на принцот Алберт: Неговиот татко се сомневаше во него! 

еспресо

(Видео) Андрија Милошевиќ на уникатен начин го прокоментира разводот на Драгана Мирковиќ: А што е со неа, дали е здрава?

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ гордо го покажа скапиот прстен што го доби од Драган и објасни како го добива она што го сака

К. А.

(Видео) Прекинат концертот на Александра Пријовиќ во Бања Лука, пејачката веднаш реагираше

Еспресо

Се нижат смешни коментари за разводите на Драгана Мирковиќ и на Харис Џиновиќ: „Зорица и Кемиш ни се последна надеж“

еспресо

Змијанац го коментира разводот на Харис Џиновиќ: „Не знам зошто сите полудеа, разводот е зло“

еспресо
Се вчитува....