24.8 C
Скопје
16:40 - 29 март, 2024

Почина кинеската студентка која со години се грижела за болниот брат со само 39 евра месечно

Сиромашната студентка која поради својата финансиска ситуација не можела да си приушти адекватна прехрана, починала во понеделникот во југозападна Кина.

Ву Хуајан (24) починала во болницата на Медицинскиот универзитет Гуејџоу во градот Тонгрен, потврдил за CNN портпаролот на болницата, но одбил да ги наведе причините за нејзината смрт.

Тежела само 21 килограм

Кога била примена во болницата, студентката била висока 135 сантиметри и тешка само 21,6 килограми. Починати и биле двата родители, а таа живеела со помладиот брат преживувајќи од социјалната помош која изнесувала 300 јуани (околу 39 евра) месечно.

Лекарите откриле оштетување на срцето

Лекарите тогаш соопштиле дека има озбилно оштетување на срцето и дека операцијата чини повеќе од 200,000 јуани (околу 25,000 евра). Нејзината приказна стигнала до јавноста и добротворните организации со седиште во Пекинг започнале кампања за собирање сретства потребни за операцијата.

И покрај донациите, нејзиното здравје станало полошо со почетокот на новата година, а во понеделникот починала.

Смртта на студентката предизвикала бес на кинеските друштвени мрежи каде многумина го поставија прашањето зошто не се направило повеќе за спасот на оваа девојка.

„Тешко е да се змисли дека некој луѓе во нашата земја се уште немаат пристап кон правилна исхрана, иако веќе е 2020 година“, напишал еден корисник на Veib, кинеската верзија на Twitter.

Слични објави

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

Отворена прва продавница за алкохол во Саудиска Арабија: Ќе се купува алкохол со овластување

Еспресо

Мир Божји, Христос се роди! Народни обичаи и верувања за Божиќ: Бидете со најблиските и заедно прославете го Христовото раѓање

Еспресо

Старо верување: Скршете орев на Бадник и дознајте дали среќата ќе ве следи

Еспресо

Каква кармичка судбина ќе имате во 2024 според датумот на раѓање: Декодирајте ја иднината преку персоналната бројка и откријте што ве чека!

Еспресо

Денес го славиме Свети Игнатиј, еве што (не) треба да правите

Еспресо
Се вчитува....