Ова е Перо, има 8 години. Од прв ден спие на тросед и ако дојдат гости смирено, но упорно, ги турка да се поместат. Дружељубив е многу, сака кучиња и мачиња, но најблизок е со другарите Миланче, Ушка, Шаре и мачката Карлита, кои се нашите маалски миленици. Израснат е со кучињата во маало и со маалските деца кои го обожаваат. Кучешка храна не сака, ама затоа многу сака брокула. Спасен е од труење кога беше многу мал и оттогаш дома не е оставен сам ниту половина час – од „пусти“ страв. Перо е, едноставно, нашата среќа.
Слични објави
„Се степав на училиште поради мајка ми“: Анастасија Ражнатовиќ си ја отвори душата за најтешките моменти од детството
Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи
Се вчитува....