Колку прегратки дневно му требаат на вашето детенце?

Гушкајте ги почесто вашите деца и запомнете, прегратката треба да трае 20-на секунди. Еве зошто.

Колку често ги гушкате своите деца? Според една, многу интересна, нова американска студија, прегратките се неопходни за време на детството и растот на децата. Тие ја подобруваат нивната емпатија и самодоверба, им помагаат да се чувствуваат заштитени и ги прават децата поспокојни.
Според американскиот психотерапевт Вирџинија Сатир еве ја совршената формула за гушкање: на децата им требаат 4 прегратки дневно за да го „преживеат“ денот, 8 прегратки дневно за да бидат расположени и среќни и 12 прегратки на ден за да пораснат.

Но, како прегратката помага во растењето?

Хормон кој се активира со гушкање

Сте слушнале ли за хормонот окситоцин? Овој хормон е познат и како љубовен хормон, кој влијае на социјалната интеракција и врската помеѓу луѓето.

Американската студија покажала дека кај родители со новороденче, нивото на окситоцин е високо кога постои позитивна интеракција помеѓу партнерите (мајката и таткото) и помеѓу родителите и детето. Додека пак, нивото на хормонот окситоцин е мало кај мајките кои се под стрес од нивната нова улога и кога тие имаат негативна интеракција со новороденчето. Покрај тоа, студијата покажа дека физичкиот контакт овозможува бебешкиот мозок да се развива побрзо и поздраво, а побрзо се развива и детската перцепција и сознание.

Окситоцинот не е покачен само за време на породувањето и доењето, туку и во сексуалната сфера и во емотивната / афективната сфера. Всушност, хормонот игра централна улога во социјалните интеракции и сентименталните реакции. Се активира преку физички контакт, го намалува нивото на стрес, вознемиреност и промовира доверба, чувство на припадност и социјализација.
Знаеме што ќе направите веднаш откако ќе го прочитате овој текст! Но пред да истрчате кон вашите деца за да си ги гушнете, знајте дека прегратката треба да трае најмалку 5 секунди, зашто само така се стимилура појавувањето на окситоцинот, а прегратка од 20 секунди го активира неговото производство. И сега, зависи од вас!

Слични објави

Џулија Робертс на едукативна турнеја со Мишел Обама!

Слободен Печат

Како правилно се негува бојадисаната црвена коса?

Igor

Ја тргна Бела Хадид од тронот – Ова е најубавата жена во светот! (ФОТО+ВИДЕО)

Еспресо

Турбулентниот живот на филмската дива: Ја одбила улогата во „Династија“ бидејќи сакала да им се посвети на синовите

Еспресо

Наши миленици: МАРКО

Еспресо

Дама пред се: Кејт Мидлтон воодушеви во префинето издание (ФОТО)

Igor

Остави Коментар

два × 4 =

Слични објави

Корисни совети и идеи: Што сè можете да направите со остатоците од храна

Еспресо

Ова се најпопуларните торби во светот (ФОТО)

Igor

Посексипилен костим за капење не постои! Дали би платиле 150 евра за цела плажа да гледа во вас? (ФОТО)

Igor

Хит моден детаљ за есен и зима: На секоја комбинација и дава луксузен и гламурозен изглед! (ФОТО)

Igor

Научно е докажано дека со овој тип на мажи, жените почесто доживуваат оргазам!

Еспресо

Враќање на трендот од 90-те во голем стил: Заводливата сукња повторно е хит! (ФОТО)

Igor